Најопасните плажи во светот

Најопасните плажи во светот

Од ајкули и медузи до активни вулкани, посетувањето на некоја од овие плажи може да биде многу опасно…

Островот Фрејзер, Австралија

Морињата кои го опкружуваат островот Фрејзер во југоисточниот дел на Квинсленд, се сметаат за опасна зона. Водите околу островот Фрејзер изобилуваат со ајкули и медузи, а морските струи тука се едни од најопасните. Но, и самиот остров е прилично опасен. На овој остров живеат едни од најсмртоносните видови пајаци, необични видови морски крокодили, како и дингото, познато по тоа што повремено напаѓа луѓе.

Најопасните плажи во светот

Гансбаи, Јужна Африка

Овој дел од светот е една голема бела територија. Каналот кој се наоѓа во Гансбаи, во близина на островот Даер, е дом на големата бела ајкула и на колонија од околу 60.000 фоки со крзно. Иако големата бела ајкула е многу опасна, таа сепак останува најголема атракција во Гансбаи и привлекува илјадници туристи годишно.

Најопасните плажи во светот

Ханакапиаи, Хаваи

Бреговите на Ханакапиаи се опкружени со силни морски струи и бранови кои се опасни дури и за најискусните пливачи. Потврда за тоа е знакот кој се наоѓа на плажата на кој пишува дека 83 лица се удавиле во водите на оваа плажа. Според знакот, нивното давење е мистерија затоа што се вели дека жртвите биле одвлечени во морето додека уживале во плитката вода.

Најопасните плажи во светот

Плажата на доброто патување, Бразил

Оваа популарна песочна плажа во Бразил привлекува многу туристи во текот на годината. Сè до 1992 година, Плажата на доброто патување беше една од најбезбедните плажи затоа што не постоеше опасност од ајкули. Но, од 1992 година евидентирани се најмалку 50 напади на ајкули од кои 19 биле фатални. Освен ајкулите, оваа плажа е многу опасна и заради уништувањето на крајбрежниот еко-систем и насилниот криминал.

Најопасните плажи во светот

Северниот дел на Квинсленд, Австралија

Секоја година од октомври до април, плажите во северниот дел на Квинсленд во Австралија се забранети за туристи заради наездите на медузи. Всушност, медузите се одговорни за најмалку 70 смртни случаи од 1883 година па наваму. Убодите од медузи можат да бидат вистинска агонија затоа што жртвите често доживуваат срцев удар уште пред да стигнат на брегот.

Најопасните плажи во светот

Плажата Чаупати, Индија

Плажата Чаупати во Мумбаи веќе одамна важи за плажа со најзагадена вода во светот. На оваа плажа капењето е забрането заради високото ниво на загаденост. Сепак, плажата може да се посети на почетокот на септември, кога населението слави еден од најголемите хинду празници.

Најопасните плажи во светот

Копакабана, Бразил

Кога се работи за опасни плажи, плажата Копакабана не е на исто ниво како и Плажата на доброто патување. Заради големата посетеност, на Копакабана демне опасност од ситни кражби, што веќе се смета за вообичаена пракса. Што се однесува до ајкулите, од 1931 година па наваму, на Копакабана се забележани само 6 напади кои не биле фатални.

Најопасните плажи во светот

Островот Бикини, Американските Маршалски Острови

Островот Бикини, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, е опасен заради две причини. Како прво, на овој остров се направени повеќе од 20 проби на нуклеарни бомби помеѓу 1946 и 1958 година. Иако во 1997 година островот беше прогласен за „чист“ и без траги на нуклеарна радијација, жителите сепак одбија да се вратат. Од друга страна, на туристите не им се препорачува да јадат локална храна заради нуклеарното зрачење. Втората причина заради која островот Бикини е опасен, е недостатокот на риболов во последните 65 години, заради кој е зголемен бројот на ајкули кои постојано напаѓаат.

Најопасните плажи во светот

Килауеа, Хаваи

Црниот песок на плажата Килауеа на Хаваите се наоѓа веднаш до еден од најактивните вулкани во светот. Вулканот на островот Кауаи еруптира постојано од 1983 година, исфрлајќи жешка лава во студениот океан. Освен вулканските ерупции, на оваа плажа се забележани 102 напади на ајкули, од кои 8 биле смртоносни.

Најопасните плажи во светот

Амазонските плажи, Бразил

Ако планирате да патувате долж реката Амазон, тогаш подобро е да се движите по копнен пат, низ густите шуми. Избегнете го пловењето по самата река затоа што на тој начин водата ќе ја делите заедно со многубројните пирани, анаконди и електрични јагули.

Најопасните плажи во светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар