Најопасните градови во светот
6. Масејо, Бразил
Дури 14 градови од Бразил се дел од листата на најопасните градови во светот, но Масејо е најлошиот од сите. Овој град има по 135 убиства на секои 100.000 жители во текот на една година. Овој град е најопасниот во државата, надминувајќи го дури и Рио де Жанеиро. Бразил можеби има огромен дел од Амазонската прашума, но дури и таму е побезбедно од густо населените области со луѓе.
7. Кали, Колумбија
Поголемиот дел од градовите на оваа листа се во Латинска Америка и со добра причина. Картелите со дрога „владеат“ во голем број од овие градови и Кали не е исклучок. Со околу 80 убиства, тоа не е многу безбедно место за престој. Колумбија никогаш немала добра репутација и токму поради тоа нема големи шанси во брзо време да стане посакувана туристичка дестинација и покрај големиот број природни убавини.
8. Нуево Ларедо, Мексико
Овој град се наоѓа на границата и е најпознат по својата војна за територија. И покрај тоа што ризикот за криминално дело е најголем навечер, може да се случи киднапирање, крадење на автомобил или грабеж во кое било време од денот. Од 2006-тата година, па сè до денес, 60.000 луѓе биле убиени во насилство поврзано со дрогата. Доколку го посетите овој град, движете се по добро населените рути и не патувајте навечер.
9. Баркисимето, Венецуела
И покрај тоа што овој град има нешто малку повеќе од 1 милион жители, тој е сведок на секојдневни убиства. Баркисимето е главен град во овој регион и има изненадувачки висок број универзитети и други видови места за висока едукација. Многу одамна бил популарна туристичка дестинација, но оваа област сега е толку опасна што ретко кој се осмелува да ја посети.
10. Жуан Песоа, Бразил
Овој град може лесно да се достигне и по копно и по море. Жуан Песоа е познат по изобилството на зеленило, но бидејќи стапката на криминал и убиства е висока, со 72 убиства на секои 100.000 жители, тој денес е многу лоша идеја за одмор.