Најопасните циркуски акти кои се изведуваат и денес
6. Одење по жица
Држењето рамнотежа на жица која е десетици метри во воздухот не е мала работа. Многуте артисти кои ја изведуваат оваа точка го ставаат нивниот живот на ризик со секое изведување. Многу од нив не користат безбедносна мрежа, како на пример семејството Гереро кое смета дека со тоа подобро ја покажуваат уметничката природа на актот. Но, Волфер Гереро останал парализиран на 28-годишна возраст кога паднал од жицата во 1997 година.
7. Трикови на коњ
Овој акт е можеби еден од најстарите. Всушност, првите циркуси ја содржеле само оваа изведба и неколку скечови со кловнови. Оваа изведба може да содржи симнување и качување на коњот (кој постојано галопира), па дури и стоење на глава на седлото. Артистите тврдат дека овој акт е еден од најопасните, бидејќи коњите не се машини кои можете да ги контролирате. Тие знаат како да ги изведат своите трикови, но повеќе зависи од послушноста на коњот.
8. Топката на ужасот
Слично како ѕидот на смртта, и овој акт ја користи центрифугалната сила и мотори во комбинација која повеќето од нас едноставно би ја избегнале. Неколку моторџии се наоѓаат во челична сфера и возат во неа со брзина од 100 километри на час. Како што можете да замислите, овој акт не е безбеден. Во 2015 година, неколку артисти биле повредени кога двајца од нив се судриле во топката. За среќа никој не загинал, но еден од нив завршил со скршени коски.
9. Голтање меч
Можеби ви изгледа како илузија, или некој трик, но голтањето меч е токму тоа – голтање меч. А ова е толку опасно, што здружението за голтачи на мечови има направено цело истражување за компликациите кои можат настанат од овој перформанс. Артистите кои ја изведуваат оваа точка се изложени на најголем ризик ако им биде одвлечено вниманието, ако голтаат повеќе сечила наеднаш или ако имаат некоја претходна повреда.
Во 2012 година Ханибал Хелмурто претрпел застрашувачко прободување на грлото кога го изведувал овој акт. Тој завршил со дупка во неговото грло која го пратила на интензивна нега. Но, тоа не го спречило, па Хелмурто продолжил со изведбите по неговото закрепнување.
10. „Летачките“ Валендови
Познатите летачки Валендови, семејство од циркуски изведувачи кои се активни уште од 1780-та година, ја преплашуваат публиката со векови. Тие го имаат првото место поради нивните застрашувачки акти, но и несреќите кои настанувале поради нив.
Малку историја: Валендови изведувале и воздушни, и акти на жица, а нивното најголемо шоу е пирамидата од 7 луѓе. Два пара артисти чекорат преку жица додека држат стапови на кои се наоѓаат уште двајца изведувачи. Оние на стапот, држат уште еден стап на кој се наоѓа уште еден артист кој се обидува да одржува рамнотежа.
За жал, во 1962 година загинале двајца артисти, а друг останал парализиран. Во друга изведба, една од артистките паднала и загинала. „Главниот“ Валенда исто така загинал кога паднал од „пирамидата“. Но, тие не престануваат со изведбата. Ник Валенда поставил жица преку Големиот Кањон во САД и поминал преку неа (без безбедносна мрежа, се разбира) во 2013-та година.