Најопасните циркуски акти кои се изведуваат и денес

Најопасните циркуски акти кои се изведуваат и денес

Сигурно кога сте посетиле циркус имате помислено дека артистите се навистина храбри. Оваа листа ги содржи најдобрите, а можеби и најлошите циркуски акти кои имаат едно заедничко нешто – тие се најопасни. Можеби веќе сте слушнале за некои, но ќе се изненадите кога ќе ја дознаете вистинската опасност која лежи зад нив.

1. Фрлање оган

(1)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mk

Ајде да погледнеме како се одвива овој акт низ неколку чекори. Прво, артистот става некакво гориво во неговата уста – керозин, бензин или некоја алкохолна запалива течност. Потоа го прска горивото низ устата. Следно, го пали испрсканото гориво со мал рачен факел. Овие артисти не им веруваат на запалките и на кибритот, па секогаш користат факел.

Овој акт има многу ризици, но да ги погледнеме најопасните: Огнот може да се врати во устата на артистот, може да добие хемиска пневмонија од вдишување на горивото, па може дури и да се отруе. Постои и опасност за публиката, огнот не се движи по правило или по наредба, па секогаш има можност да излезе надвор од контрола.

2. Акти со големи мачки

(2)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mk

Иако темата за работење со животни од циркус е контроверзна, не може да се затворат очите на популарноста на овие акти. Можеби изгледа дека овие животни се тренирани за да бидат совршените миленици, но тоа не е така. Во 1872 година, Томас Мекарт бил нападнат од 5 циркуски лавови пред публика од стотици луѓе. За жал, постојат и понови слични случаи, како на пример инцидентот од 2003 година кој се случил во Лас Вегас. Човекот кој го изведувал актот бил нападнат од тигар и претрпел толку сериозни повреди поради кои морал да се пензионира. Подоцна тој тврдел дека тигарот се обидувал да го спаси бидејќи тој имал мозочен удар. Како и да е, сигурно не е безбедно да го поминувате денот со овие ѕверови.

3. Ѕидот на смртта

(3)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mk

Ова е спортски акт со мотори (или автомобили) каде што артистите се „тркаат“ околу ѕидовите на цилиндар додека изведуваат опасни трикови. Ова е опасно да го гледате, а не па да учествувате во него.

Овој акт не е дел од секој циркус, но станува еден од најпопуларните. Артистите ја користат центрифугалната сила и инерцијата за да останат на ѕидот. Иако денес ѕидовите не се исправени како порано, артистите сепак се ставаат на голем ризик. Саманта Морган, една од овие артисти, умрела во 2008 поради компликации од повредите кои настанувале во текот на годините.

4. Акти во воздух

(4)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mk

Акробациите во воздух можеби се дел од секој циркус, но тоа не значи дека се безбедни. Постојат многу начини на кои артистите можат да паднат, а за жал тоа се случува многу често. Во 2007 година, во Јужна Калифорнија, артист кој изведувал акт на трапез загинал откако паднал од 12 метри височина без безбедносна мрежа. Во 2013 година, во Москва, артист паднал од 26 метри височина преку безбедносната мрежа, и за голема среќа закрепнал доволно за да може да се врати на работа. Во 2014 на Роуд Ајленд, 8 артисти паднале на земјата откако се скинало едно јаже. За среќа сите преживеале. Лекцијата од ова? Воздушните акти можеби се популарни, но гравитацијата секогаш победува.

5. Слонови

(5)najopasnite-cirkuski-aktovi-koi-se-izveduvaat-i-denes-kafepauza.mk

Можеби претпоставивте дека опасноста од слонот е тоа што многу лесно може да ве згмечи, и во право сте. Слоновите биле одговорни за бројни несреќи кои настанале во циркусите, вклучувајќи го и инцидент од 1994 година во Хонолулу, кога еден слон го убил својот тренер, а потоа избегал од циркусот. Слоновите можат да направат вистинска штета доколку избегаат, а верувајте, тоа се случува често. Во 1956 година, 42 слона успеале да избегаат додека го воделе кон вагонот.

Но да не заборавиме дека актите со животни се најопасни за самите животни. Многу организации се загрижени за доброто на циркуските животни и имаат многу документирани случаи кои ја покажуваат суровоста кон нив. Ова резултирало со многу судења и протести. Иако некои циркуси ги тргнале слоновите од својот репертоар, сепак другите имаат право да ги користат.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар