Најомразените познати личности за 2013 година
На крајот на секоја календарска година, медиумите се занимаваат со правење листи на најпопуларните, најуспешните, но и на најомразените славни личности. Погледнете кои личности се најдоа на листата за оваа година.
5. Ким Кардашијан
Главна причина поради која луѓето не ја сакаат е поради честите испади, врската со Канје Вест и поради тоа што е позната без никаква особена причина, односно само бидејќи е богата.
4. Џеј Лено
Пред три години Џеј Лено беше виновникот поради кој Конан Обрајан си замина од „NBC“, а тоа и ден-денеска е причина поради која се наоѓа на листата најомразени личности. Оваа ситуација одлично ја користи Конан, кој не пропушта прилика да се шегува на негова сметка, но и на сметка на телевизијата.
3. Тејлор Свифт
Најголем број негативни критики, добива поради песните во кои ги опева своите бивши момчиња. Најголем проблем е тоа што на сите им е јасно кому му се наменети песните, а особено не можат да ѝ опростат обожавателките на Хери Стајлс од групата „One Direction“.
2. Ештон Кучер
Некои му се лути бидејќи ја доби улогата во серијата „Два ипол мажи“, други поради тоа што го „упропасти“ филмот за Стив Џобс, додека поголемиот дел не можат да му опростат за начинот на кој ја уништи Деми Мур и нивниот брак.
1. Гвинет Палтроу
Честото користење на зборот кој ги навредува афроамериканците со сигурност ѝ помогна да се најде на врвот на листата. Други и замеруваат бидејќи сметаат дека премногу се замислува и дека се расфрла со пари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Како тоа ештон качер го упропасти филмот за стив џобс?
ni mene ne mi jasno kako ashton kutcher go upropastil filmot, koga od samiot film ne se ocekuvase nesto posebno, pa ni samiot ashton ne mozese da gi poakze negovite sposobnosti (ako veke gi ima), vo sekoj slucaj, filmot bese samo pozdrav do golemiot vizioner i dizajner koj na nekoj nacin go promeni svetot.
Ama petta najomrazena licnost Kim Kardashian – e sega mi go skrsivte srceto, ako nikoj ne ja saka jas ce si ja zemam, ne mora da ima pari i da bidi bogata samo pak da bidi isto ubava kako sto e sega 😀