Најновите полициски регрути се подготвени да се борат против криминалот со својата неодоливост
Запознајте ги Лаки Стар, Шуман, Фејда, Бродер, Ејџеј и Фул Мун – најновите (и најслатките) кутриња што се придружиле на К-9 единицата во тајванската полиција. Овие слатки и поспани кутриња се спремни да почнат со тренинг и со тек на време ќе добијат сериозна улога во единиците за детекција на бомби, дрога и крв во Тајпеј.
Изгледа дека полициската работа им тече низ крвта, бидејќи мајката на кутрињата, Јелоу, одамна е во К-9 единицата, исто како и татко им, Лидер.
„Се надеваме дека во иднина кутрињата ќе бидат исто толку добри колку и нивната мајка, дека успешно ќе го поминат тренингот и дека ќе станат официјален дел од полициската сила“, велат нивните тренери.
Во моментов 1-месечните кутриња сè уште повеќе преферираат спиење и јадење отколку борење против криминалот и спасување на светот. Понекогаш тие дури и заспиваат дур јадат, и потоа се будат и продолжуваат со јадењето како ништо да не се случило. Зарем сте чуле нешто послатко? Погледнете ги следниве фотографии што ќе ви го стопат срцето!