Најнеобичните плажи ширум светот
Кога некој ќе ви каже „плажа“ сигурно првото нешто што ви паѓа на ум е жолт или бел песок, мали бранови и пиво или овошен коктел. Но, постојат плажи кои се со многу поразлични форми и бои. Овие плажи се толку уникатни и необични што на прв поглед можеби нема да ви се верува ни дека навистина постојат. Една од најголемите разлики кај овие плажи е бојата на песокот. Таа обично се формира од она што брановите го носат на копното, без разлика дали станува збор за камења, школки, корали или стакло. Покрај вулканите често се забележуваат црни плажи, но може да се најдат и необични зелени плажи кои содржат еден редок минерал, оливин, кој е остаток од вулканските експлозии. Постојат и розови плажи на Бермудските острови кои се обоени од коралните остатоци. Погледнете…