Најмоќните мисли на Вирџинија Вулф
Вирџинија Вулф е една од најзначајните фигури во англиската модерна литература на 20-тиот век. Дел од нејзините најзначајни дела се: A room of one’s own, Orlando, Mrs Dalloway. Во периодот помеѓу двете светски војни, Вулф била почитуван член на лондонската литературна заедница, како и централна фигура во Блумсбери – влијателна група на интелектуалци, писатели, филозофи и уметници. Таа се смета за еден од основачите на модерниот психолошки роман.
Вулф извршува самоубиство на 28-ми март 1941, како последица на нејзината психолошка состојба, депресијата и многуте ниски удари кои ѝ ги дал животот. Ова се дел од нејзините најмоќни мисли за човечкиот ум, феминизмот, писателската дејност и општо за животот.
„Не можете да пронајдете мир одбивајќи да живеете.“
„Можам да кажам дека минатото е убаво бидејќи никој не разбира што чувствува во сегашниот момент. Тоа го разбираме подоцна, и затоа не знаеме во целост што чувствуваме во сегашноста, но знаеме точно што сме чувствувале во минатото.“
„Некои се обраќаат кај свештениците, други ѝ се обраќаат на поезијата, јас, пак, на моите пријатели.“
„Во поголемиот дел од историјата, оној кој стои зад потписот ‘Анонимен’ е жена.“
„Ако не знаеш да ја кажеш вистината за себеси, не можеш да ја кажеш за другите.“
„Зошто жените им се толку поинтересни на мажите отколку мажите на жените?“
„Очите на другите се наш затвор, нивните мисли се нашите ќелии.“
„Жената мора да има пари и своја соба ако сака да пишува белетристика.“
„Размислував колку непријатно е да се биде оставен надвор, но исто размислував дека можеби, многу полошо е да бидеш заклучен внатре.“
„Сите овие векови, жените им служеле на мажите како стакла за огледување со моќ на рефлектирање на фигурата на мажите, дупло поголема од вистинската големина.“
„Секоја тајна во душата на писателот, секое искуство во неговиот живот, секоја карактеристика на неговиот ум, е наголемо запишана во неговите дела.“
„Некој мора да умре за останатите повеќе да го вреднуваат животот.“
„Поетот ни ја дава суштината, но прозата ја оттргнува мувлата од телото и умот.“
„Оној кој се познава себеси е независен, и нему никогаш не му е здодевно, а животот е премногу краток, но тој чекори низ него со голема, но умерена среќа.“
„Чудно е како креативната сила одеднаш го доведува целиот универзум во ред.“
„Најдобро би можеле да ти помогнеме да спречиш војна, не со повторување на твоите зборови и со следење на твоите методи, туку со изнаоѓање нови зборови и нови методи.“
„Убавото изгледа дека е правилно поради силата на убавината, додека немоќното изгледа погрешно поради неговата слабост.“
„Сосема е точно дека облеката е таа што нè носи нас, а не ние неа. Можеби ќе ја тргне мувлата од нашите раце или гради, но истовремено ни ги мувлосува срцата, мислите и јазикот, онака како што сака.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.