Најмоќните фотографии од доилки за 2017 година

Најмоќните фотографии од доилки за 2017 година

Доењето не е лесно и не е секогаш прифатено од луѓето околу нас. Но овие моќни и прекрасни фотографии од жени кои ги дојат своите деца се доказ за силата, посветеноста и љубовта која ја имаат сите мајки за нивните новороденчиња. Погледнете некои од најдобрите фотографии од доилки за изминатава година.

1. Невестата што дои

najmokjnite-fotografii-od-doilki-od-minatata-godina-kafepauza.mk

Оваа прекрасна невеста ја кажала својата заклетва доејќи го своето малечко. Фотографот се двоумел за тоа дали да ја сподели фотографијата, но на крајот го направил тоа.

„Бев сигурен дека на луѓето ќе им се допадне исто колку и на мене.“

2. Доење за рушење стереотипи

(2)najmokjnite-fotografii-od-doilki-od-minatata-godina-kafepauza.mk

Доењето не е едноставно за секое бебе, особено за бебињата со Даунов синдром. Но тоа не значи дека и овие деца не можат да цицаат, а оваа група мајки го покажува токму тоа.

3. Замолчување на другите

najmokjnite-fotografii-od-doilki-od-minatata-godina-kafepauza.mk

Актерката која ни е позната како Розита од серијата „Живи мртовци“ (The Walking Dead) ја објавила оваа фотографија со натпис:

„Ова е мое тело и мој профил. Па ќе објавувам што сакам, кога сакам.“

Таа добила над 200.000 допаѓања на фотографијата, па изгледа дека многу луѓе ја поддржуваат.

4. Мултитаскинг мајка

najmokjnite-fotografii-od-doilki-od-minatata-godina-kafepauza.mk

Кога Маја Вордерштрас ја споделила оваа фотографија, добила над 11.000 допаѓања. Оваа неверојатна мајка го храни едното дете со шише, додека го дои другото.

„Не знам за вашето патување, но без разлика на вашиот избор и околностите, немојте да се чувствувате виновни. Никогаш. Сакајте ги и направете го најдоброто. Вие сте рок ѕвезда, без разлика на сè. Каква и да е вашата рутина за хранење, тешко е да бидете мајка. Па ајде да се поддржиме една со друга!“

5. Роден преживувач

najmokjnite-fotografii-od-doilki-od-minatata-godina-kafepauza.mk

Оваа жена преживеала пожар и се отворила за проблемите кои ги има со доењето на една група на Фејсбук. Таа се обидела да го дои своето прво дете и прекинала. Но на фотографијата ја гледаме со второто дете за кое не се откажува.

6. Истапување за женските права

najmokjnite-fotografii-od-doilki-od-minatata-godina-kafepauza.mk

Зарем има подобро место за доење во јавност од маршот за женските права?

7. Доењето е гордост

najmokjnite-fotografii-od-doilki-od-minatata-godina-kafepauza.mk

Во чест на месецот на доење фотографот Аби Фокс собрала група мајки кои ги дојат своите деца кои не се бебиња.

„Без разлика дали доите неколку денови или неколку години, никогаш не треба да им се суди на мајките кои само се обидуваат да го одржат здравјето на нивните дечиња.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар