Најмоќните цитати на сите времиња
Овие внимателно одбрани зборови се полни со мудрост. Некои од нив се навистина најмоќните и најмудрите цитати на сите времиња. Прочитајте ги и инспирирајте се.
„Успехот е сопнување од неуспех по неуспех без да го изгубите ентузијазмот.“ – Винстон Черчил
„Кога се затвора една врата на среќата, се отвора друга. Но многу често предолго гледаме во затворената врата, па не ја гледаме онаа што ни се отворила.“ – Хелен Келер
„Секој е генијалец. Но ако ѝ судите на рибата според нејзината способност да се качи на дрво, целиот живот ќе го помине верувајќи дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн
„Пријателството не е неопходно како филозофијата или уметноста… Нема никаква вредност за преживување, туку е од оние работи кои му даваат вредност на преживувањето.“ – К. Л. Луис
„Бидете задоволни со она што го имате. Кога ќе сфатите дека ништо не ви недостига, целиот свет ќе ви припаѓа вам.“ – Лао Це
„Љубење е глагол. Љубов, чувството, е плод на љубењето, глаголот.“ – Стивен Кови
„Нашата најголема слабост лежи во откажувањето. Најсигурниот начин да успеете е да се обидете уште еднаш.“ – Томас Едисон
„Животот не е неподнослив поради околностите, туку поради недостатокот од значење и цел.“ – Виктор Франкл
„Животот не е за да се пронајдете себеси. Животот е за да се создадете.“ – Џорџ Бернард Шо
„Мора да бидете промената што сакате да ја видете во светот.“ – Ганди
„Оној кој се плаши дека ќе страда, веќе страда бидејќи се плаши.“ – Мишел де Монтењ
„Никој не е роден мразејќи некој друг поради бојата на неговата кожа, неговото потекло или неговата религија. Луѓето мораат да научат да мразат, а ако можат да научат да мразат, можат да бидат научени и да љубат. Бидејќи љубовта е поприродна за срцето од нејзината спротивност.“ – Нелсон Мандела
„Умот кој се проширил со нови искуства никогаш нема да се врати на својата стара димензија.“ – Оливер Вендел Холмс
„Ако не можете да летате, тогаш трчајте. Ако не можете да трчате, тогаш одете. Ако не можете да одите тогаш лазете. Но што и да правите, мора да продолжите да се движите напред.“ – Мартин Лутер Кинг
„Внимавајте на вашите мисли, бидејќи тие стануваат ваши зборови. Внимавајте на вашите зборови бидејќи тие стануваат ваши дела. Внимавајте на вашите дела бидејќи тие стануваат ваши навики. Внимавајте на вашите навики бидејќи тие стануваат ваш карактер. Внимавајте на вашиот карактер, бидејќи тој станува ваша судбина.“ – Кинеска поговорка
„Животот е многу едноставен, но ние инсистираме да го комплицираме.“ – Конфучиј
„Никој човек не стапнал во иста река два пати, бидејќи тоа не е истата река и не е истиот човек.“ – Хераклит
„Вистинскиот успех е надминување на стравот од неуспех.“ – Пол Свини
„Она што го знаеме е капка, она што не го знаеме е океан.“ – Исак Њутн
„Многу луѓе се страсни, но поради нивните ограничени верувања за тоа кои се и што можат да направат, никогаш не преземаат нешто што може да го оствари нивниот сон.“ – Ентони Робинс
„Човекот може да избере да се врати кон безбедност или да продолжи напред кон созревање. Созревањето мора одново и одново да се избира, стравот мора одново и одново да се надминува.“ – Абрахам Маслоу
„Ако не сакате нешто, променете го. Ако не можете да го промените, променете го начинот на кој размислувате за тоа.“ – Мери Енгелбрајт
„Мораме да ги сакаме сите, и оние чии мислења ги делиме и оние чии мислења ги одбиваме, бидејќи сите се обиделе да ја побараат вистината и ни помогнале да ја најдеме и ние нашата.“ – Тома Аквински
„Животот поминат правејќи грешки не само што е подобар, туку е и покорисен од животот поминат не правејќи ништо.“ – Џорџ Бернард Шо
„Подобро да умрам со значајна смрт, отколку да живеам безначаен живот.“ – Корасон Акино
„Вчера е историја, утре е мистерија, денес е дар од Бог.“ – Бил Кин
„Не сметам дека е неопходно да знам што точно сум. Главниот интерес во животот и работата е да се стане некој кој не сте биле на почетокот.“ – Мишел Фуко
„Не го уништувајте она што го имате барајќи го она што го немате. Запомнете дека она што го имате сега, некогаш сте го посакувале.“ – Епикур
„Повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат, тие слушаат со намера да одговорат.“ – Стивен Кови
„Најубавите луѓе кои ги знаеме се оние кои го знаат поразот, го знаат страдањето, ја знаат загубата и го пронашле својот пат надвор од длабочините. Овие луѓе имаат чувствителност и разбирање за животот кои ги исполнуваат со сочувствителност, нежност и грижа. Убавите луѓе не се случуваат туку така.“ – Елизабет Кублер-Рос
„Пред да се дијагностицирате со депресија или ниска самодоверба, осигурете се дека не сте опкружени со идиоти.“ – Зигмунд Фројд