Најмалите држави во светот кои веројатно не знаевте дека постојат

Најмалите држави во светот кои веројатно не знаевте дека постојат

Постојат повеќе од 200 држави во светот, но сигурни сме дека има неколку за кои сигурно не сте чуле досега. Тие зафаќаат многу мала површина и се населени од само неколку семејства. Погледнете ги 10-те најмали држави со популација помала од град, па дури и од мало село.

1. Палау

Површина: 459 километри квадратни
Население: 21.347

Република Палау е островска земја која е составена од околу 300 острови со различна големина. Палау е едно од најневеројатните места на Земјата – нејзините дождовни шуми се полни со уникатни растенија и птици, а нејзините води се населени со 130 загрозени видови ајкули. Но најубавото нешто во оваа држава е езерото кое има повеќе од 2 милиони медузи во него, кои со текот на времето ја изгубиле способноста за боцкање.

2. Ниуе

Површина: 251,46 километри квадратни
Население: 1.190

Ниуе е уште една мала островска држава со прекрасни пејзажи. Но и покрај ова туризмот не е популарен овде, па државата најмногу зависи од помошта од странските земји, најмногу од Нов Зеланд. Главниот град е само едно мало село со популација од 600 жители. Островот има сопствен аеродром и супер маркет кој е единствен во државата.

3. Свети Китс и Невис

Површина: 261 километар квадратен
Население: 52.329

Оваа држава ја сочинуваат два острова: Свети Китс и Невис. Главните извори на приход во државата е нивната економска програма за државјанство која му овозможува на секој кој има барем 250.000 долари да инвестира во локалната индустрија за шеќер. Со оваа донација, личноста станува жител на државата. Друг начин да добиете државјанство е да купите земјиште кое вреди повеќе од 400.000 долари на кој било од островите.

4. Кнежевство на реката Хат

Површина: 75 километри квадратни
Население: 30

Кнежевството претставува микро-нација лоцирана во Австралија. Основано е од страна на Леонард Касли кој ја прогласил својата фарма за независна држава. Иако не е призната од ниту една друга држава на планетата Земја, кнежевството си има сопствена валута, поштенски марки, па дури и пасош.

5. Тувалу

Површина: 26 километри квадратни
Население: 10.959

Тувалу е една од најмалите и најсиромашните држави во светот. Економската ситуација би била уште полоша ако на Тувалу не ѝ бил доделен доменот .tv кој годишно носи милиони долари во нејзиниот буџет.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар