Најмалиот хотел во светот, наменет за заљубените парови

Најмалиот хотел во светот, наменет за заљубените парови

Најмалиот хотел во светот е 2,5 км широк и зафаќа површина од околу 54 метри квадратни, но е опремен со најмодерен мебел, телевизори со тенки екрани, како и мини спа. Но, со својата една соба, само еден пар во моментот може да престојува во хотелот Eh’haeusl, во Амберг, Германија.

Најмалиот хотел во светот, наменет за заљубените паровиНајмалиот хотел во светот, наменет за заљубените парови

Куќата била изградена во далечната 1728 година од пар, кој сакал да се венча, но градскиот совет вовел правило, според кое само сопствениците на дом, можат да основаат брачна заедница. За да го заобиколи законот, досетливиот пар купил мало парче земја помеѓу две згради. Набрзина го подигнале ѕидот однапред и одзади и нафрлиле кров на врвот. Тоа, тие го нарекле свој дом. Градскиот совет „паднал“ на тоа и му дозволил на парот да склучи брачна заедница.

Најмалиот хотел во светот, наменет за заљубените паровиНајмалиот хотел во светот, наменет за заљубените парови

Откако куќата си ја отслужила својата намена, парот му ја продал на следниот пар кој го имал истиот проблем со венчавањето, пред да се всели во соодветно живеалиште под наем. Различни љубовни парови се јавувале како закупници на секои неколку седмици, па така куќата се прославила под името „Eh’haeusl“ или „Свадбената куќа“.

Најмалиот хотел во светот, наменет за заљубените паровиНајмалиот хотел во светот, наменет за заљубените парови

Денес, овој исклучително интересен хотел е во сопственост на Марина Шрајнер, која ги пречекува вљубените парови од сите краишта на светот да престојуваат во него, во текот на целата година. Според старата легенда која се раскажува од локалните жители, паровите кои ќе престојуваат во хотелот, ќе живеат среќно до крајот на животот и никогаш нема да се разведат. Моменталната цена за едно ноќевање за двајца со вклучен појадок, изнесува 240 евра.

Најмалиот хотел во светот, наменет за заљубените паровиНајмалиот хотел во светот, наменет за заљубените паровиНајмалиот хотел во светот, наменет за заљубените паровиНајмалиот хотел во светот, наменет за заљубените паровиНајмалиот хотел во светот, наменет за заљубените паровиНајмалиот хотел во светот, наменет за заљубените парови


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар