Најмалиот „град“ во Италија: Место за одмор на прекрасен брег што го заобиколуваат туристите
Атрани е мал град на италијанскиот брег Амалфи и има сосема нетипичен изглед. Поради тоа, местото веќе треба да се најде на насловните страници и на списоците со најубавите плажи, но Атрани успешно се крие во сенка на познатите градови во областа, како што се Салерно, Амалфи и Неапол.
Малото рибарско село има помалку од илјада жители, а штом ќе го видите еднаш, никогаш нема да го заборавате. Над него се надвиснуваат две остри карпи, а над плажата има мост и куп шарени куќи со мала тврдина на самиот раб.
Во Атрани ќе најдете тесни улички, неколку плоштади со фонтани, стари барокни цркви од средниот век и тврдината „Торе дело Зиро“. Го нарекуваат најмалиот град во Италија, иако технички не припаѓа на категорија град. Но, барем звучи шармантно.
А, стрмните карпи кријат две пештери: едната се вика „Куќата на Масаниело“, по човек што наводно се криел од неаполската војска, а другата „Пештера на светците“, во која се наоѓаат стари фрески во византиски стил од 12-тиот век.
И покрај сè, тука нема многу туристи, дури ни во сезоната. Ова место е автентично, слатко, медитеранско и мирно, па ако планирате да го посетите, не кажувајте никому.
Погледнете ги најшармантните мали градови.