Најлудите операции кои биле изведени

Најлудите операции кои биле изведени

Иако постои голема шанса да имате некаква операција во текот на животот, таа сигурно нема да биде екстремна како она што го гледате на телевизија. Сигурно сте слушнале за трансплантацијата на глава која се очекува оваа година. Иако е прва од овој вид, сепак постојат и други многу чудни операции кои биле изведувани во текот на годините, од кои повеќето биле успешни. Погледнете дел од нив.

1. Зачувување на дланка со „калемење“ на нога

(1)najludite-operacii-koi-bile-izvedeni-kafepauza.mk

Веројатно не сте ни знаеле дека ова е возможно, но дланката на еден човек била спасена благодарение на оваа чудна процедура. Пред неколку години, еден човек во Кина ја изгубил дланката од фабричко сечило. Делот кој бил отсечен бил премногу оштетен за веднаш да се зашие за остатокот од раката, па хирурзите ја „закачиле“ дланката на неговата нога додека да заздрави. Поврзувајќи ја со крвни садови тие успеале да го одржат ткивото во живот.

2. Ново срце, но задржување на старото

(2)najludite-operacii-koi-bile-izvedeni-kafepauza.mk

Трансплантацијата на срце не е ништо ново, голема е веројатноста и да познавате некој што минал низ таква процедура. Но во случајот на Тајсон Смит, новото срце било ставено веднаш до старото. Срцето на Смит било во толку очајна состојба, што новиот орган не би работел при нормална трансплантација. Па, хирурзите одлучиле да го постават новото срце од десната страна на старото. Денес функционираат и двете срца на Смит.

3. Инпланти во форма на рогови

(3)najludite-operacii-koi-bile-izvedeni-kafepauza.mk

Во 2006 година, едно момче по име Џорџ Ашман било родено со многу голем белег кој го покривал неговото чело. Додека некои белези се лесни за отстранување, овој на Ашман бил направен од абнормални крвни садови и бил тежок за отстранување. Но докторите нашле решение. Тие ставиле мали вреќи од двете страни на неговото чело. Тие се полнеле со течности и ја рашириле кожата, па лекарите по некое време можеле да го отстранат белегот. За жал, ова значело дека Џорџ 4 месеци живеел со инпланти кои наликувале на рогови. Денес Џорџ е во ред и има само мал белег од операцијата.

4. Трансплантација на матка

(4)najludite-operacii-koi-bile-izvedeni-kafepauza.mk

За жена која сака еден ден да стане мајка, недостатокот на матка може да биде пречка. Но 26-годишната Линдзи не дозволила лошата генетика да ја спречи. Таа била првата жена во САД која добила матка од починат донатор. Но, Линдзи морала постојано да прима лекарства за телото да не ја исфрли матката. Поради ова, таа решила да има деца, па потоа да го отстрани органот. За жал, трансплантацијата не била успешна и матката била отстранета пред Линдзи да успее да забремени.

5. Чување делови од череп во стомак

(5)najludite-operacii-koi-bile-izvedeni-kafepauza.mk

Ова не е чуден хорор филм, ова е процедура која за чудо ѝ го спасила животот на една млада девојка. Џејми Хилтон паднала на камења од височина од 3,5 метри. Била однесена во болница каде што лекарите отстраниле дел од нејзиниот череп за да му направат простор на мозокот да отече. Па каде го сместиле извадениот дел? Во стомакот, се разбира! Стомакот им дава на коските стерилна средина богата со хранливи материи. Хилтон 42 дена живеела со огромна коскена маса во стомакот и без четвртина од черепот.

6. Враќање на видот со заб

(6)najludite-operacii-koi-bile-izvedeni-kafepauza.mk

Хирурзите им го враќаат видот на слепите луѓе на најчудните начини – една од овие процедури е со користење еден од нивните заби. Шерон Тортон ја имала оваа операција во 2009 година бидејќи површината на нејзините очи била оштетена поради ретко нарушување, а ова ја направило слепа. Хирурзите отстраниле еден од нејзините заби и користејќи го забното ткиво направиле нова корнеа за окото. Тие исто така земале дел од образот на Шерон за да направат ткиво кое ќе стои околу зеницата. Уште првиот ден по операцијата, Шерон можела да ги види своите раце, небото и облаците.

7. Отстранување на бебе, од тело на маж

Surgery and emergency concept

Ова е чуден и фасцинантен медицински случај кој најверојатно нема да се повтори. Санџу Багат, фармер од Индија, секогаш имал голем стомак кој расел. Но, во 1999 година тој бил однесен во болница бидејќи имал проблеми со дишењето. Докторите веднаш го оперирале мислејќи дека станува збор за тумор. Но, на нивно големо изненадување, Санџу во стомакот имал половина оформено бебе. Тој не бил бремен, туку во стомакот се наоѓал неговиот близнак. Кога Санџу бил роден, неговиот близнак бил „заробен“ во неговото тело, и наводно преживеал како паразит. За среќа, операцијата за отстранување на близнакот била успешна и денес Санџу живее среќен живот.

Погледнете и некои од тајните на пластичните хирурзи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар