Најлоши видови бакнежи

Најлоши видови бакнежи

Кога ќе здогледате симпатично лице на спротивната страна во дискотеката, во вашата глава се развиваат секси фантазии, кои започнуваат со страстен бакнеж, а продолжуваат… којзнае каде. Но, кога тоа лице ќе ви се приближи токму вам од сите девојки во дискотеката, знаете дека фантазиите набрзо ќе станат реалност. И тогаш, о-ооо, ужасен прв бакнеж. Како ли да избегате од следниот?

Најлоши видови бакнежи

Секој од нас некогаш доживеал ужасно лош бакнеж, а ова е листа на најлошите 7 видови:

Кловн – Овој „кловн“ мисли дека само заради тоа што има поголема уста има право да ја вшмука устата на партнерката во својата. Таа баш и нема што да прави заробена внатре, а згора на тоа, после бакнежот се чувствува како да ѝ е изедена пола глава.

Клукајдрвец – Овој фраер не се бакнува во вистинската смисла на зборот, тој само клука. Неговиот стил се одликува со брзи бакнежи без јазик кои траат по милисекунда, нанижани едноподруго во неверојатно брзи интервали без можност за земање воздух.

Напаѓач – Постојат момци кои со сета сила ќе се залетаат кон вас и буквално ве напаѓаат недозволувајќи ви да земете воздух. Можеби за нив е тоа многу „машки“, но за девојките делува страшно.

Мечувалец – Ова момче делува нежно, фино и внимателно. Првиот бакнеж со него ќе ви биде пријатен, но потоа ќе се претвори во не толку пријатен. Во даден момент неговиот јазик настапува на сцената и остро се бори со вашиот, буквално како да сака да ве прободе.

Гризач – Самоуверен, заводлив и секси, тој настапува со својот гриз-бакнеж. Не се работи за повремено нежно грицкање, туку за постојано непријатно гризење. На овој тип, подобро е веднаш да му кажете дека тоа што го прави не е секси, за да се спасите од крвопролевање.

Куче – Знаеме како тоа го прават кучињата. За жал, некои момци научиле лоша лекција од нив. Резултатот е лигаво влажно лице и одвратно чувство.

Фаќач – Првиот бакнеж за многумина е по малку воздржан, но не за фаќачот. Тој тргнува добро со устата, но не губи време, веднаш ве лепи за ѕид и почнува да ве меси како да сте тесто кое треба се исука за пита.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар