Најинтелигентните девојки се под најголем стрес
Интелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи имаат многу високи очекувања. Без разлика колку работи ќе завршат во текот на денот, тие никогаш не се задоволни. Знаат дека можеле да постигнат повеќе, дека можеле да најдат начин да бидат попродуктивни. На крајот од денот, тие се секогаш разочарани што не направиле повеќе.
Интелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи другите луѓе мислат за нив дека се непобедливи. Бараат совети за нивните проблеми, со надеж дека ќе им помогнат да најдат решение. Луѓето никогаш не забележуваат дека и на овие девојки понекогаш им е тешко и им треба помош. Сите земаат од нив, но забораваат да дадат.
Интелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи не знаат што прават. Се однесуваат како животот да им е среден и сите околу нив мислат дека се сигурни во себе. Вистината е дека тие се изгубени и збунети. Не се сигурни што треба да прават со сопствениот живот.
Тие се под голем стрес, бидејќи немаат доволно часови во текот на денот. Тие се стремат кон тоа да постигнат рамнотежа во сите сфери од животот: Нивната кариера, љубовен живот, здравје, пријатели и семејство. Но, тешко им е да најдат време за да отидат во теретана, на вечера со партнерот и на пијачка со пријателките кога работат 8 часа дневно.
Тие се секогаш нервозни, бидејќи си наметнуваат голем притисок. Знаат за што се способни и затоа многу се фрустрираат кога ќе потфрлат. Постојано си го враќаат филмот во глава и размислуваат што би направиле поинаку кога би можеле да го вратат времето назад.
Интелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи постојано размислуваат за иднината. Уште од мали нозе сите им велеле дека ќе успеат, дека ќе бидат богати и влијателни. Тие не сакаат да ги разочараат луѓето околу нив и сакаат да го искористат целиот нивен потенцијал.
Интелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи се многу амбициозни. Имаат толку многу соништа што сакаат да ги остварат, толку многу цели што сакаат да ги достигнат, а не сакаат да испуштат ниту една можност што им се нуди. Тие преземаат толку многу одговорности што тоа почнува да се одразува на нивното здравје.
Тие се под голем стрес, бидејќи животот е непредвидлив. Дури и да донесат паметни одлуки, сепак ќе бидат принудени да се соочат со проблеми што не можат да ги контролираат. По секој неуспех, тие страдаат.
Интелигентните девојки се под голем стрес, бидејќи обрнуваат внимание на малите нешта. Тие сакаат да им бидат организирани работните обврски и блиските луѓе среќни. Тие сакаат сѐ да им биде под конец. Тие сакаат што е можно повеќе да се доближат до совршенството и затоа нивната листа на амбиции нема крај.
Овие девојки се доволно паметни за да ја согледаат вистината во светот, а тоа предизвикува голем стрес. Тие разбираат дека луѓето не се толку добри колку што изгледаат. Тие се свесни за лагите, неправдите и смртта што ги опкружуваат. Тие се доволно паметни за да знаат дека треба да вложат труд ако сакаат да ја пронајдат среќата и подготвени се да се борат за неа.
Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте зошто интелигентните луѓе не се среќни.