Најгрдата птица на светот која истовремено е неодолива

Најгрдата птица на светот која истовремено е неодолива

Младата црна птица какаду, која се наоѓа во прашката Зоолошка градина, привлекла внимание од страна на посетителите, поради своите искубани пердуви и орловскиот клун. Сите оние кои ја виделе птицата, чиј пол сè уште не е утврден, поради што нема ни име, се сложиле со една констатација – толку е грда, што е просто неодолива.

(1) najgrdata ptica na svetot koja istovremeno e neodoliva-www.kafepauza

Овој припадник на најголемиот вид папагали, дошол на свет на 1 октомври и оттогаш луѓето јурат кон Зоолошката градина за да го видат. Ова животинче е многу дружељубиво и обожава да парадира и да ги покажува своите пердуви. Инаку птицава ја има во Австралија и Нова Гвинеја, а се храни со лисни пупки, овошје и семе. Ова е првото црно какаду, кое се испилило во Европа, во последните три години.

(2) najgrdata ptica na svetot koja istovremeno e neodoliva-www.kafepauza (3) najgrdata ptica na svetot koja istovremeno e neodoliva-www.kafepauza (4) najgrdata ptica na svetot koja istovremeno e neodoliva-www.kafepauza


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар