Најголемите нерешени мистерии за универзумот

Најголемите нерешени мистерии за универзумот

Со векови луѓето ги набљудувале галаксиите и допирале до внатрешноста на атомот. Но, сѐ што некогаш сме виделе прави само 5% од универзумот. По остатокот сѐ уште трагаме. Постојат многу прашања за вселената кои благодарение на науката и напредната современа технологија конечно го добиле својот одговор, но постојат двојно повеќе кои сѐ уште се водат како нерешени мистерии. Во тој контекст, прочитајте за дел од најголемите неодговорени прашања за нашиот космос кои ќе ве натераат да сфатите колку сме само мали и неважни во споредба со големиот универзум.

1. Од што е составен универзумот?

Најголемите нерешени мистерии за универзумот

Се смета дека 27% од универзумот е составен од темна материја, супстанца која ниту емитува, ниту рефлектира светлина. Астрономите и познатите научници, како Стивен Хокинг, се сигурни дека таа постои, бидејќи галаксиите не би можеле да се формираат без неа: Тие би се разлетале, наместо да се згустат во џиновски пространства, камења, прашина и планети. Никој со сигурност не знае што е темната материја. Таа може да биде составена од хипотетички честички наречени слабо интерактивни масивни честички или од стерилни неутрино честички. Научниците сѐ уште чекаат детекторот да воочи ситни зраци на светлина кои обичните атоми би требало да ја произведат кога ќе се судрат со честичките од темната материја.

2. Што треба да знаеме за темната енергија?

За да се објасни забрзаното проширување на универзумот, моменталната теорија говори дека во универзумот мора да постои гравитациона сила за која се смета дека е темна енергија. Таа е на некој начин поврзана со енергетската содржина на празната вселена – космолошка константа која Алберт Ајнштајн ја смислил со своите, сега иронични напори да докаже дека универзумот не се шири. Астрономите се обидуваат да ја измерат големината на темната енергија, но како таа делува е сѐ уште една голема загатка.

3. Зошто гравитацијата е чудна?

Од 4-те основни сили во универзумот, гравитацијата е најчудна, со оглед на тоа дека не постои доволно добро објаснување зошто е неколку квадрилиони пати послаба од електромагнетизмот или силите кое го држат јадрото на атомот заедно. Зошто магнетот на фрижидерот може да ја одолее силата на гравитационото поле на Земјата? Теоретичарите имаат неколку идеи. Еден обид за објаснување ја спојува релативноста, која ја објаснува гравитацијата како последица на искривувањето на време-просторот, со квантната механика, припишувајќи им на гравитационите полиња честички кои се викаат гравитони. Или, можеби гравитацијата е јака како и останатите 3 сили, но нејзиното влијание допира до други димензии?

4. Дали сме сами?

Најголемите нерешени мистерии за универзумот

Астрономите имаат наидено на илјадници егзопланети кои орбитираат околу далечните ѕвезди. Тоа ни укажува на можноста дека само нашата галаксија има билиони планети кои се слични на Земјата. Но, доколку постојат услови за живот, тогаш зошто сѐ уште не сме виделе знаци на вонземјански раси? Овој проблем во науката е познат како Парадоксот на Ферми.

Некои научници и филозофи сметаат дека биолошкиот живот е преоден облик и дека доминантниот облик на живот во универзумот доаѓа во форма на суперинтелигентни роботи кои можат да живеат во ладни, мрачни места кои ние сѐ уште не сме ги истражиле. И можеби овие роботи не сакаат да комуницираат со нас, со оглед на тоа дека за нив нашиот вид е примитивна форма на живот. Во последните истражувања кои траеле веќе 20 години, се докажало дека во вселенскиот простор што му е познат на човекот постојат услови за живот и на други планети, но нема никакви знаци на нова животна форма. Или сме сами во овој универзум, или не сме. И двете тврдења се подеднакво застрашувачки.

5. Дали нашиот универзум е единствен?

Некои физичари водат дебати и расправии за тоа дека постојат повеќе универзуми и дека ние живееме во оној кој овозможува развој на живот. Останува само да чекаме одговори до кои воопшто не е лесно да се дојде.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар