Најголемите мудрости на Артур Шопенхауер кои вреди да ги прочитате
Артур Шопенхауер е познат германски филозоф и претставник на песимизмот. Уште од рана возраст тој ја ценел својата слобода и сакал да биде независен. Тој пораснал заедно со неговиот татко кој бил трговец и со мајка му која пишувала романи. Шопенхауер станал популарен дури на крајот од неговиот живот, за по смртта да стекне уште поголема слава. Прочитајте ги неговите најинтересни и најмудри цитати…
„Богатството е како морска вода. Колку повеќе ја пиеме, толку пожедни стануваме.“
„Самотијата му овозможува двојна корист на човекот кој е на повисоко интелектуално ниво од останатите. Првата е таа што човекот е сам, а втората што не е со другите.“
„Судбината ги меша картите, а ние играме.“
„Најголема лудост е да се жртвува сопственото здравје, а за што? За имот, за напредување во кариерата, за учење, за слава, а за краткотрајните задоволства воопшто и да не зборуваме. Здравјето треба да е на прво место.“
„Дивјаците се јадат меѓусебно, а питомите се изневеруваат.“
„Луѓето најмногу се радуваат кога ќе им ја раскажеме големата несреќа што нѐ снашла неодамна.“
„Објективно гледано, честа е туѓото мислење за нас, а субјективно гледано, честа е нашиот страв од тоа мислење.“
„Луѓето сакаат да се во друштво поради нивната внатрешна празнина и досада. Ако почувствуваат дека ни се потребни, тие стануваат нервозни и арогантни.“
„Оној кој е сечиј пријател, не е пријател никому.“
„Изворот на нашата среќа лежи во субјективните особини: Благородниот карактер, претприемничкиот дух, среќниот темперамент, ведриот ум и здравото тело.“
„Исто како што љубовта кон животот е всушност страв од смртта, така и дружељубивоста на луѓето не е директна. Таа не се заснова на љубовта кон друштвото, туку на стравот од осаменоста.“
„Разумот може да ги замени речиси сите степени на образование, но образованието не може да го замени разумот.“
„Оној кој сака да му се верува на зборот, треба да го изговори ладно и без страст.“
„Убавината е отворено писмо со препорака кое однапред ги придобива симпатиите на срцето.“
„Љубомората секогаш се раѓа со љубов, но не умира секогаш со неа.“
„Бракот значи да ги преполовите своите права, а да ги дуплирате обврските.“