Најголемите ѕвездени мистерии
За многу љубители на астрономијата, ноќното небо претставува неверојатен океан од мистерии. Но, она што можеме да го видиме со нашите сопствени очи не ни покажува ниту еден процент од извонредните чудесии кои се случуваат ширум универзумот. Започнувајќи од стеларен огномет, па сè до супернова експлозии и невидливи црни дупки, астрономите секојдневно се обидуваат да откријат како функционираат прекрасните ѕвезди и што е тоа што прави секоја од нивниот вид да биде толку уникатна.
1. Сончеви зраци
Атмосферата на Сонцето или короната, може да достигне топлина и до 2 милиони степени и без предупредување да исфрли високоенергетски честички со брзина приближна на брзината на светлината. Наречени соларни експлозии, овие честички удираат во магнетното поле на Земјата од каде што можат да влијаат врз комуникациската и сателитската технологија, електронските направи, па дури и мобилните телефони. Најголемата соларна експлозија може да исфрли енергија колку милиони хидрогенски бомби. И покрај тоа што астрономите се на самиот почеток во разбирањето на Сонцето и начинот на кој тоа функционира, секојдневно го истражуваат со цел да можат да ги предвидат овие соларни експлозии.
2. Осамени ѕвезди
Порано се сметало дека ѕвездите се самотници, но денес астрономите предвидуваат дека повеќе од 85% од ѕвездите во Млечниот пат се наоѓаат во системи со повеќе ѕвезди. Половина од нив се бинарни системи составени од две ѕвезди кои се поврзани со нивната заедничка гравитација. Во 2005 година, астрономите докажале дека и овие системи имаат планети.
3. Ѕвездени кластери
Ѕвездените кластери се составени од многу ѕвезди кои се развиле во исто време. Некои од нив содржат помалку од 100 ѕвезди, додека пак други бројат и над милион ѕвезди. Оние кои се во наша близина, како познатите Плејади во соѕвездието Бик, можат да бидат набљудувани и со голо око. Научниците сè уште не можат да разберат на кој начин ѕвездите кои се формираат во ист регион остануваат заедно и толку блиску едни покрај други.
4. Дијаманти на небото
Кога една ѕвезда со големина на Сонцето ќе го потроши своето нуклеарно гориво, таа го исфрла поголемиот дел од својата надворешност и останува само со своето жешко јадро. Во оваа фаза ѕвездата го добива името бело џуџе. Научниците веруваат дека во центарот од 50-километарската цврста обвивка на оваа ѕвезда се наоѓаат кристализирани јаглерод и кислород, слични на дијамантите кои можат да се најдат на Земјата. Во 2004 година, група научници го потврдиле ова верување кога пронашле бело џуџе во близина на соѕвездието Кентаур, BPM 37093, кое било целосно направено од кристализирн јаглерод, со тежина од 3 милиони трилиони трилиони килограми. Од гледна точка на дијамантите, тоа е 10 милијарди трилиони трилиони карати.
5. Спектакуларни експлозии
Застрашувачката експлозија на ѕвездата испраќа бранови енергија со брзина од 35 километри на час. Крајот на животот на некои ѕвезди знае да биде навистина спектакуларен настан. Кога ѕвезда која е 8 пати поголема од Сонцето ќе го потроши своето гориво, гравитацијата се насочува кон внатре и целосно ја растргнува ѕвездата. Ова се нарекува супернова. Експлозијата исфрла огромна енергија и честички во вселената.
6. Неутронски ѕвезди
Неутронската ѕвезда настанува од супернова експлозија, која е компресирана во јадрото на ѕвезда која умира и има маса многу поголема од онаа на Сонцето, и покрај тоа што нејзиниот дијаметар е со големина на мал град. На чекор пред настанување црна дупка, неутронските ѕвезди се најгустите објекти во универзумот. Само една лажичка од нејзината маса би тежела милијарди тони на Земјата. Во 2005 година, научници од НАСА го откриле изворот на експлозиите од гама зраци кои зрачеле со светлина како 100.000 трилиони сонца и ја решиле 35-годишната мистерија. Кога 2 неутронски ѕвезди ќе се судрат со брзина од десетици илјадници километри во секунда, тие емитуваа огномет од гама зраци.
7. Магнетари
Магнетарите се густи неутронски ѕвезди, еден вид стеларни трупови, со магнетни полиња кои се милијарди пати посилни од магнетното поле на Земјата. Тие испуштаат рендгенски зраци на секои 10 секунди со повремени изливи на гама зраци. Интересно е што овие ѕвезди не биле класификувани како посебен вид сè до 1998 години, дури 2 декади по нивното откривање во март, 1979 година, кога 9 вселенски летала набљудувале излив на радијација од остатоците од суперновата наречена N49, која била со енергија која на нашето Сонце би му требало 1.000 години да ја создаде.
8. Стеларни земјотреси
Стеларниот земјотрес настанува кога се растргнува површината на неутронската ѕвезда, на истиот начин како земјотресите кои настануваат на Земјата. Во 1999 година, астрономите ги идентификувале овие земјотреси со помош на изливите предизвикани од гама и рендген зраци кои доаѓаат од неутронските ѕвезди. Но, предвидувањето на овие моќни удари сè уште е мистерија. Неодамна, Џон Мидлдич од Националната лабораторија Лос Аламос со своите колеги откриле дека кај специфичните видови неутронски ѕвезди, кои се нарекуваат пулсари, времето на следниот земјотрес е пропорционално со големината на последниот.
9. Ѕвездени радио сигнали
Нова класа на ѕвезди кои се нарекуваат „ротирачки радио променливи“ се масивно компресирани неутронски ѕвезди кои одвреме-навреме испраќаат радио бранови кои траат и по само неколку милисекунди, a потоа се проследени со темни дупки кои траат и до 3 часа. Не само што овие сигнали се многу краткотрајни, туку се мешаат и со радио сигналите од Земјата и токму затоа е многу тешко да се издвојат.
10. Црни дупки
Црните дупки се толку густи што едноставно ништо не може да избега од нивната гравитациска „мрежа“. Откако ќе се надмине хоризонтот на настани или границата позади која дури ни светлината не може да избега, нема враќање назад. Денес, астрономите имаат цврсти докази дека црните дупки навистина постојат и дека тие се настанати од смртта на масивните ѕвезди. Но, она што е најневеројатно е постоењето на супермасивните црни дупки кои се наоѓаат во центарот на скоро сите галаксии и кои тежат колку милиони сонца.
Tehnologijava e vo ogromen podem,hubble e samo eden primer,na tolku bilioni univerzumi i uste tolku bilioni i bilioni zvezdi vo sekoj od niv,jas bi rekol deka ne e vozmozno da nema drug zivot tamu nekade.Se nadevam deka dodeka sme zivi ke doznaeme,no golema e verijatnosta i toa da se sluci daleku vo idninata.Ako ne sme zivi togas eve edna poraka do tie sto ke citaat vo idninata (ako postoi ova vo arhiva nekoja) : Na Vonzjemjanite ne moze da im se veruva :p