Најголемите битки на оние кои постојано доцнат
Постојат луѓе кои што и да направат, едноставно не можат никогаш и никаде да стигнат навреме. Тие се навистина интересен феномен за набљудување. Погледнете дел од секојдневните нешта со кои овие луѓе постојано се соочуваат во нивната битка да пристигнат навреме…
1. Вашите пријатели постојано ви кажуваат дека средбата е од половина час од 1 час пред времето кое тие самите меѓу себе го договориле бидејќи знаат дека ќе доцните. И имаат право, секогаш.
2. Вие го имате наместено секој часовник и мобилен уред 5 минути порано со цел да се измамите да бидете навреме. Но, сепак некаде длабоко во себе знаете дека имате уште 5 минути плус и повторно доцните.
3. Постојаното доцнење е скапа навика. Вие сте пропуштиле толку многу автобуси, возови и авиони што понекогаш мора и по 2 пати да ја купувате истата карта или да се откажете и да ви пропадне уплатата за хотелот.
4. Но, доцнењето ве направило славни. На некој начин. Вашето доцнење е толку познато што сите пријатели на вашите пријатели, кои дури и никогаш да не ве запознале во живо, знаат кои сте.
5. Имате напишано барем 3 поплаки до ЈСП и/или Македонски железници. Како е можно тие да тргнуваат цели ДВЕ минути предвреме? Вие стигнавте таму 15 секунди пред времето за тргнување кое го пишува на распоредот, а тие веќе биле тргнати. Како не им е срам?
6. Сè уште не сте добиле одговор на поплаките. Но, сигурни сте дека не сте единствените кои се жалеле.
7. Родителот од кој сте ги наследиле овие „гени за доцнење“ се обидува да ве утеши со слатки приказни од неговото искуство со доцнењето. Но, приказните воопшто не се слатки кога неколку пати по ред ве казнуваат на работа поради доцнење.
8. Светот е секогаш против вас. Се сеќавате оној пат кога успеавте да стигнете навреме? Е баш тогаш сите останати доцнеа барем 20-тина минути и не само што измрзнавте на ладното време чекајќи ги, туку и заврна непланиран дожд, а вие немавте чадор со вас.
9. Понекогаш не знаете во што да верувате. Кога луѓето ви велат дека ќе пристигнат за 5 минути, не сте сигурни дали навистина мислат 5 минути или исто како и вас, ќе пристигнат за половина час.
10. Вие сте многу големи оптимисти. Без разлика дали станува збор за реалност или за илузија, вие цврсто верувате дека сте способни да се истуширате, облечете, подготвите и пристигнете на работа за само 20 минути. И постојано сте шокирани кога не успевате во ова.
11. Почнуваат да ви снемуваат изговори за доцнењето. Вие само што им кажавте „Извинете што доцнам, се заглавив во лифт“ на пријателите кои знаат дека живеете во куќа.
12. Вие сте исклучителни во планирањето однапред. Всушност, имате зачувано порака во вашиот мобилен телефон во која пишува „Извинете, ќе доцнам 10-тина минути“.
13. Чудесно и детално го познавате вашиот град. Вие знаете точно колку чекори има помеѓу вашиот дом и автобуската станица, знаете до секунда колку време трае возењето до работа и кој е најбрзиот пат до вашата канцеларија. Бидејќи зошто би искочиле порано од дома?
14. Како што трчате од врата низ врата со цел да стигнете навреме за интервјуто кое може да ви ја овозможи работата од соништата си ветувате дека ова е последен пат да доцните. Но, веднаш по завршувањето на интервјуто го заборавате ова ветување.
15. Но, најважно од сè, никогаш НЕМА да можете да се пронајдете во оваа песна.