Најголемите 6 магични трикови, конечно откриени!

Најголемите 6 магични трикови, конечно откриени!

Тајната на магионичарите е нивната способност да ве држат замрзнати во очекување на нивниот следен неверојатен трик. Често изгледа како тие да се навистина способни да ги прават сите оние нешта што им пркосат на познатите закони на универзумот и вчудовидената атмосфера што ја создаваат за време на нивниот перформанс само дополнително ги намалува сомнежите дека сепак станува збор за обичен трик. Токму затоа и решивме да ги погледнеме од научен агол овие 6 популарните магични трикови што постојано ги воодушевуваат луѓето ширум светот и да ви откриеме дека тие воопшто не се тоа што изгледаат.

Најголемите 6 магични трикови, конечно откриени!

1. Пресекување човек на половина

Сите сме го виделе овој трик, кој сме го набљудувале без да дишеме! Зарем некој би можел да остане рамнодушен додека гледа како пред неговите очи некој сече жена на половина? Воопшто не изгледа спектакуларно кога знаете дека внатре има две асистентки на магионичарот, се согласувате?

(1) Најголемите 6 магични трикови, конечно откриени!

2. Скината банкнота

Пред некое време луѓето се чудеа како Дејвид Коперфилд навидум искина завиткан долар на половина, а потоа го отвори и тој магично беше неоштетен. Тајната се крие во паметната употреба на молив – тој е исечен дијагонално на половина и потоа е поврзан со силни магнети. Ова ѝ дозволува на банкнотата да помине низ двете магнетизирани половини и да остане неоштетена.

(2) Најголемите 6 магични трикови, конечно откриени!

3. Левитација

Тајната на овој трик, што е многу популарен помеѓу уличните магионичари, се крие во паметно скриената поддршка. Токму затоа и магионичарите најчесто го прават овој перформанс крај нешто што совршено ги крие краевите на некаква потпора. Тие имаат продолжена поддршка што поминува низ облеката што ја носат.

(3) Најголемите 6 магични трикови, конечно откриени!

4. Чаша што исчезнува

На масата е поставена чаша со вода која е прекриена со марама. Потоа, магионичарот ја крева марамата и ја фрла во воздух. Резултатот – марамата паѓа на подот, а чашата исчезнува. Трикот е во два дела. Најпрво, постои прстен од жица што е сошиен во марамата, па кога ќе се постави изгледа како да има чаша под неа. Вистинската чаша се спушта во тајна фиока што се наоѓа во масата.

(4) Најголемите 6 магични трикови, конечно откриени!

5. Човек во цик-цак кутии

Успехот на овој трик во целост зависи од способностите на асистентката на магионичарот, чија главна задача е да биде во можност да ги задржи нозете и рацете во позиција слична на онаа кога стои исправено.

(5) Најголемите 6 магични трикови, конечно откриени!

6. Антигравитациското навалување на Мајкл Џексон

Се сеќавате на она навалување кое Мајкл Џексон и неговите танчари го изведуваа без мака за видео спотот на песната „Smooth Criminal“. Тоа изгледа како да ѝ пркоси на гравитацијата! Навистина е неверојатно кога Мајкл го држи исправено целото тело, а зглобовите на нозете му достигнуваат агол од 45 степени. За овој трик е доволна само една шајка и специјално дизајнирани чевли и ќе изгледате како да правите навидум невозможно физичко движење.

(6) najgolemite-6-magichni-trikovi-konechno-otkrieni-www.kafepauza.mk

Сакате да знаете уште тајни за вакви трикови? Погледнете ги и овие 5 решени мистерии за добро познати магични трикови!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар