Најголемиот вулкан на светот е скриен под океанот

Најголемиот вулкан на светот е скриен под океанот

На околу 600 милји оддалеченост северозападно од Хонолулу, среде Тихиот Океан, можат да се забележат две островчиња. На повеќето набљудувачи, карпата со димензии околу 5 хектари позната како Пухахону, нема да им значи ништо, освен како место за одмор на уморните морски птици. Но, присуството на карпата укажува на нешто многу поголемо: според експертите, под карпата се крие најголемиот вулкан на Земјата.

Најголемиот вулкан на светот е скриен под океанот

Најновото истражување на морското дно на Папаханаумокуакеа или попознат како Северозападен национален споменик на Хаваите, ја откри целосната големина на вулканот Пухахону. Мајкл Гарсија, вулканолог на хавајскиот универзитет во Маноа, открил дека вулканот содржи најмалку 35 кубни милји карпи. Тоа е приближно двојно поголем обем од оној на Мауна Лоа, претходниот рекордер за најголемиот заштитен вулкан на планетата.

Во 1974 година постоело тврдење меѓу научниците дека Пухахону е најголемиот хавајски вулкан, но не било поткрепено со целосни докази како резултат на ограничените податоци од истражувањето. Сепак, најновото истражување покажало дека овој вулкан е најголемиот, а на второ место е Мауна Лоа. Оваа студија исто така покажала дека хавајските вулкани биле активни во период од милиони години при што ја исфрлале најжешката магма. Вообичаено, овие вулкани еруптираат на температура од околу 2.100 фаренхeјти, но со испитувањата на минералите што биле исфрлени од Пухахону било откриено дека температурата на лавата е околу 3.000 фаренхајти. Со тоа се докажува и дека лавата на вулканот е најжешката што еруптирала во последните 65 милиони години на Земјата.

Откако откривте кој е најголемиот вулкан на светот и каде се наоѓа, можеби ќе ве интересира да прочитате и кој вулкан е една од најпопуларните планински дестинации во Индонезија.

Извор: discovermagazine.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар