Најефикасниот и најкреативниот начин да го избегнете прејадувањето
Сите знаеме дека прејадувањето е лошо затоа што негативно влијае на нашиот дигестивен систем, доведува до зголемување на телесната тежина, додека истовремено ни предизвикува и да се чувствуваме нездраво. За жал, многумина не успеваат да се контролираат и да престанат да јадат веднаш штом ќе почувствуваат заситеност. Повеќето коишто се соочуваат со овој проблем знаат дека правењето мали промени во нивните навики до одреден степен може да влијаат на прејадувањето. На пример, јадењето од мала чинија или јадењето со исклучен телевизор може да ви помогне да консумирате помалку храна. Но, доколку сте заклучиле дека и ваквите методи не ви успеваат, тогаш време е да пробате некои поневообичаени начини.
Зошто една мала промена може да направи голема разлика?
Можеби ќе бидете изненадени, но постои една техника којашто може значително да влијае на количината на храна којашто ја внесувате во вашиот организам. Сѐ што треба да направите е да се обидете да јадете со недоминантната рака. Како функционира ова? Прво, тоа ве принудува да јадете побавно, при што за возврат на вашиот стомак му давате повеќе време да му сигнализира на мозокот дека сте заситени. Повеќето луѓе се научени да јадат брзо, па мозокот не може навремено да сфати кога се сити.
Истражувањата покажуваат дека вашите навики имаат силно влијание врз вашето однесување, па дури и малите промени во навиките може да придонесат за поголеми промени. Кога намерно го променувате вашето вообичаено однесување, тоа може да предизвика да посветите поголеми внимание на други активности. Во случајот со прејадувањето, начинот на којшто ја внесувате храната може да предизвика повеќе да се фокусирате на степенот на заситеност. Ова би резултирало со помалку јадење. Една студија ја покажала важноста на јадењето со недоминантната рака. Овде на учесниците им било дадено да јадат пуканки додека гледаат филм. Кога им било дозволено да јадат со својата доминанта рака, износот на пуканките коишто го консумирале бил непроменет, дури и кога пуканките биле престоени. Од друга страна пак, кога тие биле ограничени да јадат само со нивната недоминантна рака, резултатите покажале дека во овој случај тие јаделе и до 30% помалку.
Најинтересниот аспект од овој начин за избегнување на прејадувањето е тоа што вие не треба намерно да ја ограничувате внесената количина храна, туку тоа едноставно се случува по природен пат. Ова е одлична вест за оние коишто се обидуваат да го намалат вишокот килограми. Секој начин за намалување на прејадувањето којшто функционира без притоа да е потребна голема волја, е од огромна корист за секој што е на диета!
Значи, следниот пат кога ќе се почувствувате прегладнети или пак парчето пица ќе ви изгледа примамливо, зошто да не испробате нешто поразлично? Тоа може да ви изгледа чудно на прв поглед, но навистина функционира. Ако се чувствувате непријатно правејќи го ова пред други луѓе, за почеток обидете се кога ќе бидете сами. Можеби откако ќе ги забележите ефектите кај себе, ќе сакате да ја споделите оваа техника и со вашето семејство и пријателите.