Најдобрите животни совети од Волт Дизни

Најдобрите животни совети од Волт Дизни

Волтер Елиас ‘Волт’ Дизни (5 декември 1901 – 15 декември 1966) е најдобро познат по своето влијание во светот на цртаните филмови. Тој стои зад познатите Мики Маус, Попај, Снежана и 7-те џуџиња, Алиса во земјата на чудата, Бамби, Пинокио, Петар Пан и уште голем број прекрасни цртани филмови со кои растеа голем дел од децата ширум светот. Погледнете дел од неговите совети кои ќе ве инспирираат и охрабрат да почнете да ги остварувате вашите соништа…

Најдобрите животни совети од Волт Дизни

„Сите наши соништа можат да се остварат ако имаме храброст да ги следиме.“

„Ако можете да го сонувате, можете и да го направите.“

„Вистинскиот начин да започнете со нешто е да престанете да зборувате за тоа и почнете да го правите.“

„Колку повеќе се сакате себеси, толку помалку ќе бидете како другите и токму тоа ќе ве направи уникатни.“

„На некој начин забавно е да се прави невозможното.“

Најдобрите животни совети од Волт Дизни

„Можете да го дизајнирате, создадете и изградите најубавото место на светот. Но, потребни се луѓе за да го направат сонот реалност.“

„Кога верувате во нешто, верувајте во него целосно, безрезервно и без прашања.“

„Човек никогаш не треба да го запоставува своето семејство заради работата.“

„Од сите пронајдоци за масовна комуникација, фотографиите сѐ уште зборуваат на најпрепознатливиот универзален јазик.“

„Има повеќе богатство во книгите отколку во целиот пиратски плен на Островот на Богатството.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар