Најдобрите реплики на Фиби Буфе од ТВ серијата „Пријатели“

Прешс: Дали се смиривте и повторно сте заедно?
Фиби: Во ред… Сузи, може да те викам Сузи?
Прешс: Моето име е Прешс.
Фиби: Да, ама не можам да го изговорам тоа.

Џои: Кастинг директорот не зборува со пријатели! Таа зборува само со агенти!
Фиби: Таа сигурно води тажен и безначаен живот.

Фиби: Секогаш сум во право за вакви работи.
Рејчел: Не, не си. Минатата недела мислеше дека Рос сака да те убие.
Фиби: Извини, ама тешко ми е да поверувам дека некој раскажува толку досадна приказна само за да ја раскаже.

Фиби: Морам да ти кажам нешто… Не, не можам да ти кажам.
Моника: Па, нема да ти е полесно ако ми кажеш?
Фиби: Да, во совршен свет можеби.

Фиби: Тие не знаат дека ние знаеме дека тие знаат дека ние знаеме.

Фиби: Нешто ме допре на десната нога!
Моника: Што беше?
Фиби: Ох, во ред е. Тоа беше само мојата лева нога.

Чендлер: Фиби, што правиш со крзненото палто? Што е со правата на животните кои толку ти значеа?
Фиби: Па, читав и колку за информација, ласиците не се воопшто добри животни.

Рос: Ти, хм, не веруваш во гравитација?
Фиби: Па, не е дека, знаеш, не верувам во тоа, туку… Не знам, во последно време имам чувство дека повеќе нешто ме турка, отколку дека нешто ме повлекува надолу.

Рејчел: Фиби? Имаш план?
Фиби: Јас немам ни „пла“.