Најдобрите профили за фотографии со храна на Инстаграм
Пред 10-тина години доколку седневте во ресторан на вечера и почневте да го фотографирате она што треба да го јадете, сигурно ќе добиевте чуден поглед од сите околу вас. Сигурно низ главите на останатите гости ќе се вртеа прашањата како „зошто сте донеле апарат“, „дали правите статија за списание“ или пак, „не ви пречи ли фактот што вашата храна се лади“…
Но, денес изгледа дека на некој начин сите ние сме фотографи на храна. Сигурни сме дека доколку ги проверите најновите фолдери со фотографии на вашиот компјутер ќе дознаете сè што сте јаделе во последниве неколку месеци. И сè тоа се случува благодарение на Инстаграм.
Доколку сте љубители на фотографиите со храна, тогаш ви препорачуваме да ги заследите наредниве неколку профили на Инстаграм…
@loveandlemons
Графичкиот дизајнер Џинин живее во Тексас со нејзиниот сопруг и се фокусира на она што таа го нарекува „веги-центрично“ готвење. Посетете го нејзиниот акаунт доколку сакате да добиете инспиративни идеи за воведување на повеќе овошје и зеленчук во вашата исхрана на креативен начин.
sliceofpai
Џоана Паи која живее во Ванкувер по посетата на Париз решила да почне да работи како стилист и фотограф на храна. Од неа можете да очекувате многу фотографии од патувања како и од кафе.
@rubenhughes
„Американскиот истражувач“ Рубен Хјуес ги документира своите авантури ширум светот преку фотографии од она што го јаде и пие, почнувајќи од кафе и слатки десерти во Сингапур, па сè до појадок на фарма за млечни производи во Индијана.
@sonyayu
Соња Ју ја опишува својата работа како „професионална порнографија со храна“, што до некаде звучи точно (иако таа исто така предупредува дека нејзините фотографии прават да се почувствувате гладно). Соња споделува разнобојни и креативни фотографии од храната која ја готви како и од нејзиното куче, а ако имате среќа ќе можете да ги видете и двете во едно.
@carolineadobo
Филипинката Керолајн се преселила во Лос Анџелес кога била тинејџерка, а потоа се венчала со Бразилец со кој денес има 3 деца. На нејзиниот профил ќе најдете прекрасни фамилијарни оброци кои се инспирирани од сите точки во светот.
@taraobrady
Канаѓанката Тара Обредли уште од 2005 година пишува и објавува фотографии со храна на нејзиниот блог „Seven Spoons“. На нејзиниот акаунт можете да видите прекрасни креации во кои се издвојуваат лебовите, тестенините и колачињата кои таа сама ги подготвува.
@norrskenet
Доколку сакате сè што е Скандинавско, тогаш уште веднаш заследете ја Милана Чигридоу. Таа живее во Стокхолм и прави прекрасни фотографии со храна на кои никој не може да им одолее.
@alice_gao
Филтрите на Инстаграм понекогаш можат да направат фотографиите на корисниците да изгледаат исто. Но, Алис Гао од Њујорк успева да направи фотографии од храна кои секогаш изгледаат малку поразлично од останатите.
@aguynamedpatrick
Патрик е графички дизајнер и уметнички режисер кој живее во Њујорк. Неговите фотографии со храна изгледаат како сцени извлечени од секојдневниот модерен живот.
@rick_poon
Фотографот од Лос Анџелес кој се опишува себеси како „опседнат со храна, патување и дизајн, но не секогаш по тој редослед“, има неверојатни фотографии на својот профил. Доколку го посетите на вашата пауза за ручек ќе се чувствувате како да сте на мал одмор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.