Најдобрите настапи на Britain’s got Talent
Ова шоу навистина успеа да го извади најдоброто од граѓаните на Островот. Иако шоуто досега имаше свои 28 интернационални верзии, меѓу кои и „Јас имам талент“ кое се одржа на нашите простори, сепак Велика Британија е местото каде ова шоу доживува многу големи успеси во четири годишното прикажување.
Аудициите преку кои се избираат 100-те најдобри изведби, се одржуваат во поголемите градови низ кралството, а на нив пријавените изведувачи можат да покажат што знаат. Замислата за изведбата е комплетно оставена на изведувачот, кој може да игра, пее, да изведува трикови, гимнастички точки, екстремни илузии и се што тој мисли дека навистина ќе ја воодушеви публиката.
За да поминете понатаму, сѐ што треба е да добиете барем два гласа од тричленото жири, составено од Аманда Холден, Пирс Морган и најтешката пречка за сите натпреварувачи, Сајмон Каул. Интересно е тоа што Аманда Холден, всушност е замена на Шерил Кол, која сега е во жирито на Британскиот X-Factor. Наградата за победникот изнесува 100 000 фунти и настап пред кралицата и нејзиното семејство.
Уживајте во најдобрите настапи на Britain’s got Talent од последните 4 години:
Пол Потс – победник во 2007 година
Џорџ Сампсон – победник во 2008 година
Signature – финалисти во 2008 година
Diversity – победници во 2009 година
Сузан Бојл – второ место во 2009 година
Џулијан Смит – финалист во 2009 година
Flawless – финалисти во 2009 година
Spelbound – победници во 2010 година