Најдобрите фотографии од телескопот Хабл
Без сомнение вселената е неверојатно место. Со цел да научи повеќе за неа, на 24-ти април 1990-та година, НАСА го лансира телескопот Хабл. Оттогаш тој има испратено над милион фотографии. Погледнете некои од најдобрите.
1. Бело џуџе
Ова бело џуџе, познато како Stein 2051 B, се наоѓа на 17 светлосни години од Земјата. Помалата ѕвезда под него е оддалечена 5.000 светлосни години, иако изгледа како да се во непосредна близина.
2. Маглината Орион
Оваа маглина се наоѓа на 1.500 светлосни години од Земјата, веднаш под појасот на Орион. Во добри услови можете да ја забележите и со голо око, особено во јануари.
3. Раковидна маглина
Во центарот на оваа маглина се наоѓа јадро на експлодирана ѕвезда. Таа се врти 30 пати во секунда и создава магнетно поле кое генерира енергија од 1 трилион волти.
4. Јато ѕвезди
Ова јато од ѕвезди, познато како Trunpler 14, е старо само 500.000 години и е најсветлата концентрација на ѕвезди во Млечниот пат.
5. Прекрасна галаксија
Оваа галаксија, позната како M51 (HST), е формирана од ѕвезди, гасови и прашина. Лоцирана е на далечина од околу 25 милиони светлосни години.
Продолжува на следната страница…