Најдобрите цитати од Малколм Икс во поглед на образованието, правдата и иднината
Малколм Икс е еден од најистакнатите водачи на движењето за граѓанските права во Америка. Се борел против расизмот рамо до рамо со Мартин Лутер Кинг иако неговите стратегии биле малку поагресивни. Сепак, овие цитати покажуваат зошто тој зазема големо место во историјата на движењето за човекови права.
„Јас сум за вистината, без разлика кој ја кажува. Јас сум за правдата, без разлика за кого или против кого е. Јас сум човечко суштество пред сè и како таков, го поддржувам она што му е од корист на човештвото како целина.“
„Образованието е нашиот пасош за иднината, бидејќи утрешнината им припаѓа на оние кои денес се подготвуваат за неа.“
„Луѓето не сфаќаат како само една книга може да им го промени целиот живот.“
„Не можеме да очекуваме другите да нè прифатат доколку прво самите не се прифатиме себеси.“
„Вистината е на страна на угнетените.“
„Не избрзувајте да осудите некого затоа што тој не го прави истото што и вие го правите, или не мисли исто како вас. Порано и вие не сте биле свесни за некои работи за кои сте свесни денес.“
„Верувам дека на крајот ќе дојде до судир меѓу угнетените и угнетувачите. Верувам дека ќе дојде до судир меѓу оние кои сакаат слобода, правда и еднаквост за сите и оние кои сакаат да продолжат со експлоатација. Верувам дека ќе има таков судир, но мислам дека нема да биде врз основа на бојата на кожата…“
„Треба да шириме повеќе светлина еден кон друг. Светлината води кон разбирање, разбирањето создава љубов, љубовта создава трпение, а трпението пак води кон единството.“
„Верувам во човечките суштества и во фактот дека сите човечки суштества треба да бидат почитувани како такви, без разлика на бојата на нивната кожа.“
„Доколку му се молите некому да ве ослободи, никогаш нема да бидете слободни. Слободата е нешто за кое вие самите треба да се борите.“
„Без образование нема да постигнете ништо во животот.“
Откако ги прочитавте цитатите од Малколм Икс, можеби ќе сакате да ги прочитате и цитатите од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес.
Извор: yourtango.com