Најдобрите цитати од Дипак Чопра кои ќе ја инспирираат вашата внатрешна мудрост

Најдобрите цитати од Дипак Чопра кои ќе ја инспирираат вашата внатрешна мудрост

Депак Чопра е еден од најпознатите лица кога станува збор за личен развој. Поранешниот доктор бил фасциниран од алтернативните методи на лекување и решил да се посвети на нив. Како автор и новинар, тој има издадено 14 интернационални бестселери и 86 книги. Тој направил многу за да го прослави источниот пристап кон лекувањето. Погледнете некои од најдобрите цитати на Дипак Чопра што можат многу да ви помогнат.

najdobrite-citati-od-dipak-chopra-koi-kje-ja-inspiriraat-vashata-vnatreshna-mudrost-kafepauza.mk

„Најкреативното нешто што можете да го создадете е да се создадете себеси.“

„На љубовта не ѝ е потребна причина. Таа зборува од ирационалната мудрост на срцето.“

„Ако се обидете да се ослободите од стравот и гневот без да го знаете нивното значење, тие само ќе станат посилни и ќе се вратат.“

„Целиот мој живот работам на темата свесност, без разлика дали станува збор за свесност на телото, на умот, на емоциите, на врските или свесност за вашето опкружување. Сметам дека клучот за трансформација е да бидете свесни кои сте.“

„Модерната медицина, со сите нејзини напредоци, знае помалку од 10% од она што телото го знае инстинктивно.“

„Секогаш кога сте во искушение да реагирате на истиот стар начин, запрашајте се дали сакате да бидете затвореник на минатото или пионер на иднината.“

„Одете со оние кои ја бараат вистината… Бегајте од оние кои мислат дека ја пронашле.“

„Дури и кога мислете дека целиот живот ви е испланиран, се случуваат работи кои ја оформуваат вашата судбина на начин на кој не можете ни да замислите.“

„Секогаш следете ја вашата страст. Никогаш не прашувајте се дали е реалистична или не.“

„Кога имате проблеми со партнерот, имате проблеми со себе. Секоја грешка која ја гледате кај него допира некоја ваша слабост која не сакате да ја признаете.“

„Не постојат вишок делчиња во универзумот. Секој е овде бидејќи тој или таа имаат место кое треба да го пополнат. Секое делче се вклопува во големата сложувалка.“

„Начинот на кој размислувате, начинот на кој се однесувате, начинот на кој јадете, може да влијаат на вашиот живот и после 30 или 50 години.“

„Истражувањата покажале дека најдобриот начин да бидете среќни е секој ден да го правите среќен.“

„Животот ви дава доволно време да правите сè што сакате, доколку останете присутни во сегашниот момент.“

„Мораме да одиме над нашето его, над способностите за логика и разбирање, во мирното место во нас, во местото каде што се наоѓа нашата душа.“

„Најдобрите резултати доаѓаат кај луѓето кои се интуитивни, креативни и рефлективни, луѓето кои знаат да го видат проблемот како шанса.“

„Не обидувајте се да го промените текот на реката.“

„На почетокот бев многу исплашен, сè додека мојот Учител не ми кажа дека болката не е вистината. Болката е она низ коешто треба да поминеме за да ја откриеме вистината.“

„Не можете да донесувате позитивни одлуки во средина што не ги прави тие одлуки лесни, природни и задоволувачки.“

„Само вие можете да судите за вашата вредност, и вашата цел е да откриете колку всушност вредите, без разлика што мислат другите.“

„Нема да најдете ниту едно решение ако одите во 3 различни насоки.“

Прочитајте ги и овие цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар