Најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!

Најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!

Не пропуштајте ги инспиративните цитати на една од најголемите тениски ѕвезди, Серена Вилијамс. Се надеваме дека тие ќе ви бидат инспирација да почнете уште денес да работите на надминувањето на пречките на патот кон вашите цели!

Најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!

„За да се оствари вашиот сон неопходно е да работите напорно и да не се откажувате од него.“

„Не е важно вашето потекло или местото од каде доаѓате. Важен е само фактот дека имате соништа и цели.“

„Секогаш верувам дека можам да ги победам најдобрите и да го постигнам најдоброто. Секогаш се гледам себеси на првата позиција.“

„Имам среќа дека и покрај сиот страв во мене, мојата желба за победа е секогаш посилна.“

„Во текот на целиот мој живот морав да учам да се борам, да учам да се смеам. Доволно е да се насмеете, а нештата ќе се решат кога-тогаш.“

„Ако не сфатам како што треба, не престанувам со работа додека не сфатам.“

„Мислам дека во животот треба да работите на себе сè додека не умрете.“

„Мора да верувате во себе дури и кога никој друг не верува.“

„Не се каам за ништо. Не живеам во минатото. Живеам во сегашноста и учам да не ги правам истите грешки во иднина.“

„Среќата нема никаква врска со тоа бидејќи поминав многу, многу часови, безбројни часови на теренот работејќи за тој еден единствен миг, не знаејќи кога ќе дојде.“

„Мислам дека поразот ме мотивира уште повеќе.“

Откако ги прочитавте најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот, можеби ќе сакате да прочитате и за 20-те моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар