Најдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовта
Кијану Ривс е еден од најпознатите, но и најсаканите актери во филмската индустрија. Во продолжение прочитајте дел од неговите најпознати цитати за животот, љубовта и кинематографијата.
„Секогаш ќе бидам вљубен во љубовта.“
„Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува.“
„Најдобар начин да се промените е да згрешите. Доволно е да научите од вашите грешки пред да продолжите понатаму.“
„Парите не ми значат ништо. Заработив многу, но сакам да уживам во животот и да не чувствувам стрес поради банкарската сметка. Сите знаеме дека здравјето е многу поважно.“
„Не сакам да живеам во свет каде љубезноста се смета за слабост.“
„Обидете се да ги почитувате другите. Обидете се да го извлечете максимумот од животот, но и најдете начин да се поврзете со другите. Ако можете. Доволно е…. за да преживеете.“
„Мразам да давам совети.“
„Сакам да го живеам животот колку што е можно поедноставно.“
„Доколку има нешто што ве повредува, запрашајте се зошто е тоа така и како може тоа да се промени.“
„Сметам дека доколку би се одлучил за сината пилула, ќе продолжев да спијам и никогаш немаше да знам што се случува. Тоа, пак, звучи многу депресивно. Затоа, мило ми е што се одлучив за вистинската пилула.“
„Тагата и загубата се работи кои никогаш не исчезнуваат. Тие остануваат со вас.“
„Искрено, се трудам да не правам ништо што не сакам да правам.“
Откако ги прочитавте најдобрите цитати на Кијану Ривс, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.
Извор: parade.com