Најдобрите цитати на Елвис Присли за животот, успехот, среќата и љубовта
Прочитајте во продолжение дел од најубавите цитати на Елвис Присли, кралот на рокенролот, кои сме сигурни дека нема да ве остават рамнодушни.
„Претпоставувам дека најважното нешто во животот на една личност е среќата.“
„Сè што сакав беше да им помогнам на луѓето, да ги сакам, да ги расположам и да ширам радост.“
„Не напуштај ја мојата прегратка бидејќи овде е твоето место.“
„Не е никаков срам да плачете кога сте заљубени.“
„Ниедна работа не е претешка кога сте полни со самодоверба.“
„Морате да ги следите вашите соништа без оглед на тоа каде ве водат.“
„Луѓето мислат дека сте луди ако зборувате за работи кои не ги разбираат.“
„Утре ќе биде предоцна, или сега или никогаш.“
„Правете го она што мислите дека е правилно за вас сè додека не повредувате некој друг.“
„Би просел и би молел само да го почувствувам твоето срце како чука блиску до моето.“
Откако ги прочитавте безвременските цитати на кралот на рокенролот, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката.
Извор: themindsjournal.com