Најдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!

Најдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!

Џек Керуак е познат американски романсиер и поет, чија писателска кариера достигна вистински успех по објавувањето на романот На пат. Книгата напишана во текот на само три недели стана американска класика која ја дефинираше Бит генерацијата. На пат опишува серија патувања низ САД на група млади луѓе кои максимално уживаат во убавината на животот додека се речиси без пари.

Најдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!

И покрај тоа што имал успешна писателска кариера, Керуак станал жртва на дрогата и алкохолот и живеел со својата зависност до самиот крај. Неговата работа, сепак, продолжува да ја инспирира денешната младина. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура.

„Оние кои ги следат трендовите и популарните мислења не можат да постигнат големи нешта.“

„Најдобар учител е искуството, а не нечија искривена гледна точка.“

„Еден ден ќе ги најдам вистинските зборови, а тие ќе бидат едноставни.“

„Понудете им го она што потајно го сакаат, а нив веднаш ќе ги обземе паника.“

„Сфатив дека мојот живот е огромна блескава празна страница и можам да направам сè што сакам.“

„Живејте, патувајте, препуштете им се на авантурите и не жалете.“

„Не користете го телефонот. Луѓето никогаш не се подготвени да одговорат. Користете поезија.“

„Мојата вина, мојот неуспех, не е во страстите што ги имам, туку во мојот неуспешен обид да ги контролирам.“

„Бев изненаден, како и секогаш, од тоа колку лесно беше да се замине и колку добро тоа звучеше. Светот одеднаш стана полн со можности.“

„На крајот на краиштата, нема да се сеќавате на времето што сте го поминале работејќи во канцеларија или косејќи го тревникот. Качете се на таа проклета планина.“

Откако ги прочитавте најдобрите цитати на Џек Керуак, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие инспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на животот.

Извор: goalcast.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар