Најдобрите цитати на Боб Рос за светот и среќата
Боб Рос не беше само познат сликар туку пред сè вистинска икона на поп културата со неверојатна харизма која прави луѓето да се чувствуваат среќни и опуштени, а пример за тоа се и неговите цитати. Прочитајте дел од нив во продолжение.
„Претпоставувам дека сум малку чуден. Сакам да разговарам со дрвјата и животните. Сепак, тоа е сосема во ред бидејќи се забавувам многу повеќе од другите.“
„Тајната за да направите што било е да верувате дека можете да го направите тоа. Сè додека верувате во себе.“
„Од големо значење е секој ден да го правите она што ве усреќува.“
„Можете да имате сè што сакате на светот откако ќе им помогнете на другите околу вас да го добијат она што го посакуваат.“
„Сакаме среќни слики. Среќни слики. Доколку сакате тажни работи, гледајте вести.“
„Погледнете наоколу. Погледнете што имаме. Убавината е насекаде – само треба да ја погледнете за да ја видите.“
„Можете да правите сè што сакате. Овој свет е ваш.“
„Овде можете да правите сè – единствениот предуслов е тоа да ве прави среќни.“
„Зарем не сте свесни дека поседувате огромна моќ? Можете да ги поместите планините. Можете да направите сè.“
„Нема ништо лошо во тоа дрвото да ви биде пријател.“
Откако ги прочитавте најдобрите цитати на Боб Рос, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот и среќата од неповторливиот Иво Андриќ.
Извор: themindsjournal.com