Најдобрите чоко-барови во светот

Најдобрите чоко-барови во светот

Постојат места во светот, кои имаат свои чоко-барови и на јадењето чоколадо му даваат сосема поинаква димензија. Еве кои се најдобрите кои треба да ги посетите, доколку некогаш се најдете во следниве градови.

1. Кафе Флори чоко-бар, Бостон

Чоко-барот Флори се наоѓа во склоп на луксузниот хотел Лангам, во Бостон. Овој чоколаден бар буквално ве носи во чоколадната земја на чудата. Нуди широк спектар на вкусни чоколадни десерти, во кои може да уживате сами или во друштво.

Најдобрите чоко-барови во светот

2. 100% чоко-бар, Токио

Овој бар е рај за љубителите на чоколадото. Таваните се во форма на чоколада и има стаклени ѕидови преку кои може да се види целата постапка на правење на слатките. Во склоп на барот, исто така има и чоколадна „библиотека“ со 56 различни видови чоколадо, спакувани во светли амбалажи.

Најдобрите чоко-барови во светот

3. Работ 1745, Лондон

Еве уште една причина да го посетите Лондон. Работ 1745 е ресторан целосно посветен на чоколадото. На оригиналното мени, направено од страна на готвачот Џон Бентам се наоѓаат свинско со какао-глазура, филе од риба зачинето со чоколадо и сенф, школки со бело чоколадо и уште многу други вкусни рецепти.

Најдобрите чоко-барови во светот

4. Макс Бренер, Бетесда

Макс Бренер е човекот кој се стреми да создаде нова чоколадна култура. Овој ресторан се разликува од останатите од познатиот бренд. Се наоѓа во Бетесда, Мериленд и на менито има само специјалитети направени од чоколадо. Меѓу нив најпознати се чоколадната пица, чоколадниот крем со мраз и „чоколадниот“ шприц, кој се состои од 60-на грама белгиско чоколадо, послужено во сад во облик на шприц.

Најдобрите чоко-барови во светот

5. Шоколат, Милано

Квалитет и разновидност е главното начело на овој чоколаден бар во центарот на Милано. Цимет, ванила, анасон, фстаци, лешници, комбинирани со селекција на најлуксузните чоколади. Сладоледите и тортите се исто така дел од нивниот асортиман и едноставно ова е место кое мора да се посети, доколку некогаш се најдете во Милано.

Најдобрите чоко-барови во светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар