Најдобриот комплимент на кој ниту една дама нема да остане рамнодушна

Најдобриот комплимент на кој ниту една дама нема да остане рамнодушна

Не постои ниту една жена што ќе остане целосно рамнодушна на убав збор, а такви зборови, верувале или не, има премногу. Но, кога станува збор за идеалната пофалба, онаа што секоја жена би сакала да ја слушне е токму онаа што најмалку се кажува. Можете да погодите за што станува збор?

1 najdobriot-kompliment-na-koj-nitu-edna-dama-nema-da-ostane-ramnodushna-www.kafepauza.mk

Магичните зборови што можат да ја стопат секоја жена се: „Си се подмладила!“ Едно неодамнешно британско истражување покажало дека дури 60% од испитаните жени сакаат да чујат дека изгледаат помладо – а токму тоа е комплиментот што има најголемо влијание на нивната самодоверба. Ова го докажува и фактот што повеќе од 62% од испитаните жени тврдат дека активно работат на забавување на процесот на стареење користејќи разни препарати.

Истото истражување покажало и дека стареењето најмногу ги плаши жените, како и дека е најголемиот причинител за појава на стрес. Ова особено е изразено кај оние пред и околу 40-тите години. Тоа што не било очекувано е откритието дека најголема самодоверба имаат жените околу 55-тата година.

Имајќи го сè ова на ум, важно е да ве потсетиме дека младоста се чувствува во вашиот дух, па сè додека сте весели, насмеани и подготвени за забава, вие ќе бидете млади без разлика на годините!

Погледнете и други комплименти што секоја жена би сакала да ги чуе повеќе од „убава си“!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар