Најдете ја вашата цел во животот и живејте подолго
Сакате да живеете долг и здрав живот? Изгледа една неодамнешна студија ја открила тајната на долгиот живот. Според истражувачите наоѓањето на цел во вашиот живот може да биде магичниот еликсир кој ви е потребен за да го постигнете тоа.
Новото истражување кое било објавено во списанието „Psychological Science“ ни открива дека доколку имате поголема цел во вашиот живот, ќе живеете подолго, без разлика на вашата возраст. Во оваа студија учествувале над 6.000 испитаници кои биле следени во период од 14 години. Истражувачот Патрик Хил вели:
„Нашето откритие ни укажува на фактот дека доколку најдете насока во вашиот живот и поставите цели кои сакате да ги постигнете, тоа ќе ви помогне да живеете подолго, без разлика на тоа кога ќе ја најдете вашата цел.“
Интересно е што изгледа дека овие придобивки настануваат без разлика на другите фактори кои можат да се појават во животот на луѓето. Истражувачите веруваат дека токму овие цели можат да ги натераат луѓето да почнат да живеат поздраво и како на резултат на тоа, подолго.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.