Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Ширум светот постојат некои земји кои имаат навистина чудни знамиња. Токму затоа и во продолжение ви прикажуваме некои такви необични знамиња, а притоа можете да дознаете и некои интересни информации за нивното значење.

Мозамбик

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Кога станува збор за националните знамиња со оружје, ниту едно не може да се спореди со знамето на Мозамбик. Ова знаме го краси пушка која ја симболизира одбраната и будноста, отворената книга е симбол на важноста на образованието, а мотиката го претставува земјоделството во таа земја.

Бутан

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Општо познато е дека змејот е важен симбол на многу азиски земји, но Бутан е првата земја која го ставила на националното знаме. Митското суштество прикажано на ова знаме е Друк, легендарен бутански змеј. Жолтата боја ја означува граѓанската традиција на таа земја, додека пак портокаловата го претставува будистичкиот спиритуализам.

Киргистан

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Кругот кој се наоѓа во средината на знамето всушност е сонце со три краци кои ја симболизираат киргистанската јурта, вид шатори во кои живеат номадските племиња во Азија. Четириесетте сончеви зраци кои се наоѓаат околу сонцето ги претставуваат четириесетте киргистански племиња кои, според народното верување, епскиот јунак Манас ги соединил за да се борат против Монголците.

Белизе

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Додека повеќето знамиња содржат умерена количина симболи, знамето на државата Белизе е доста сложено. На централниот дел се наоѓа дрвосечач и црнец кои држат алат за сечење, опкружени со листови од махагон, што се однесува на дрвната индустрија која е голем индустриски сектор во оваа земја.

Непал

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Знамето во Непал е единствено во светот по тоа што не е во правоаголна форма. Тоа всушност претставува поедноставена верзија на две одвоени знамиња, со сонце и полумесечина. До 1962 година овие симболи имале човечки лик, но биле оттргнати за знамето да се модернизира.

Преминете на наредната страница за да видите уште интересни и невообичаени знамиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар