Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Автор: Зорица Тодорова

Сите досега сме имале раскинувања кои ни оставиле убави или неубави спомени и многу предмети кои сме посакале да ги фрлиме. Но Олинка Виштица, филмски продуцент и Дражен Грубишич, скулптор отишле чекор подалеку. Откако ја прекинале нивната врска, двајцата уметници од Загреб останале пријатели и постојано се шегувале дека треба да отворат музеј за сите лични предмети кои си ги подариле или користеле во текот на врската.

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Три години подоцна, Дражен ѝ се јавил на Олинка со веќе разработена идеја и двајцата решени почнале да бараат од своите пријатели да им донираат предмети од своите поранешни врски, заедно со кратко објаснение за нивната историја. Музејот за прв пат бил отворен во 2006 година, а неговиот концепт станал толку популарен и им се допаднал на сите поголеми европски метрополи каде гостувала изложбата.

Погледнете ги најчудните работи кои некој некогаш ги оставил во музејот од својата врска, а истиот се наоѓа на Кирилометодиевата улица во Загреб и може да го посетите на brokenships.com.

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

1. Раце од кукла

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Остаток од 5-годишната „те сакам-не те сакам“ врска на еден пар. Донаторот на овој „сувенир“ објаснува:

„Една ноќ си заминав од собата и не се вратив до следното утро кога ја најдов во тотален хаос, ѕидовите беа испрскани со пена во спреј. Мојата омилена кукла очигледно немала друг избор освен да гледа и да верува во тоа.“

2. Масажер

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Што правите кога девојката која ве оставила и го оставила кај вас и нејзиниот еротичен масажер за глава? Го донирате.

„Една од работите кои едноставно не им се враќаат на бившите девојки.“

3. Ретровизор од автомобил

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Петте заеднички години во осумдесеттите завршиле лошо за еден пар од Загреб.

„Една вечер неговата кола беше паркирана пред ‘погрешната’ куќа. Тој плати за таа грешка со својот ретровизор. Потоа ми беше мака зашто автомобилот не беше крив.“

4. Џуџето од „денот на разводот“

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

 

„Тој пристигна во нов автомобил, арогантен, плиток и без срце каков што беше секогаш. Џуџето ја затвараше портата која тој самиот ја уништи неколку години претходно. Во тој момент тоа летна кон шофершајбната од автомобилот, се одби од неа и падна на асфалтот. Токму тој отпечаток на шофершајбната го одбележи и крајот на нашата врска.“

5. Вреќички за повраќање од авион

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Оваа врска на далечина траела неколку години, но сувенирите собрани по пат преживеале многу подолго.

„Еднаш Croatia Airlines, еднаш Lufthansa, еднаш Hapag Lloyd Express и трипати GermanWings. Мислам дека сѐ уште некаде ги чувам оние илустрирани ливчиња со инструкции за во случај да почне авионот да се распаѓа. Но никогаш не успеав да најдам упатства за што да правам во случај на распаѓање на една врска, барем уште ги имам овие вреќички во случај да ми се преповраќа.“

6. Буквата „Т“

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Еден пар од Словенија кој се запознал преку интернет не ја преживеал својата прва средба во живо.

„Кога всушност се запознавме во живо заедничкиот интерес некако се изгуби и тој ми го даде неговото копче „Т“ од тастатурата, бидејќи веќе не му требало.“

7. Животно направено од пластични молекули

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

 

По неколку години од врската, подароците знаат да станат доста необични. Овој човек му подарил на музејот „животно направено од различни предмети (хемиско соединение) со залепени очи и ливче хартија на кое пишува од кого ми е.“

8. Секира

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Откако неколку месеци живееле заедно, еден од партнерите заминал на тринеделно патување и кога се вратил открил дека неговата девојка се заљубила во друг и сакала да оди сама на одмор.

„Во текот на сите 14 дена како беше на одмор, секој ден уништував со секирата по едно парче од нејзиниот мебел. Остатоците ги оставив таму, како потсетник на мојата внатрешна состојба. Колку повеќе ја полнев нејзината соба со исечен мебел кој го попримуваше обликот на мојата душа, толку подобро се чувствував. Откако се врати од одмор, таа дојде да си го земе мебелот. Јас уредно го спакував во мали купчиња и делови од дрво, а таа си го зеде ѓубрето и замина и од станот, и од мојот живот. А секирата ја унапредив во алатка за терапија.“

9. Интимен шампон

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Ова е една од работите кои заборавате да ги спакувате кога си заминувате од нечиј живот.

„По раскинувањето, мајка ми го користеше за полирање на стакло. Рече дека е апсолутно одлично.“

10. Дрвена лубеница

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

Петнаесет години се долго време за собирање чудни предмети, како оваа лажна лубеница.

„Лубеница или само илузија? Или и двете? Паралелните линии никогаш не се пресекуваат. Сега сум среќна што го имам Демијан и што уживам во вистински лубеници на лето. Илузијата исчезна. Паралелните линии не се пресекуваат.“

11. Танга од бонбони, неотворена

Најчудните предмети од Музејот на прекинати врски во Загреб, Хрватска

 

„Тој никогаш не ми купуваше цвеќе бидејќи велеше, цвеќето е за здодевни луѓе. Наместо тоа јас добивав колбаси или нови делови за мојот велосипед. Тоа не ми пречеше бидејќи го сакав. По 4 години излезе дека бил беден и евтин како и неговите подароци. Ме измами со колешка од канцеларија и ме остави преку имејл.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар