Најчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работа

Најчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работа

На Редит овој пат се споделени најчудните прашања кои некои баратели на работа ги добиле кога се соочиле со потенцијалните работодавци. Ова се само дел од нив.

Најчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работа

„Дали би ви претставувало проблем ако слушате малку пукотници и повремени експлозии додека сте на работа?“

„Забележав дека не си ставила шминка. Тоа е одраз на милитаристички феминистички ставови или едноставно не ти е гајле дали изгледаш претставително?“

„Мојот партнер беше прашан дали имал анален секс во последните 12 месеци. Тоа беше прашање на интервју за осигурителна компанија.“

„Каде живееш во моментов? Затоа што не вработуваме луѓе кои живеат во предградијата?“

„Еднаш бев прашан дали би можел да си го сменам името затоа што сопственичката на компанијата имаше исто име и морале да знаат кој е кога таа ќе се јави.“

„’О, ми се чини дека бебето ќе се роди во секој момент. Ќе ти се јавиме до петок.’ А не бев бремена.“

„На интервју на медицински факултет: ’Кажете ми каква е според тебе идеалната жена.’ Јас почнав со личност, интелигенција, итн. ’Не, мислев физички. Колкави гради има?’ Ја повлеков мојата апликација.“

Најчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работа

„Една пријателка беше прашана дали е Индијка со точка или Индијанка со пердув. Не се шегувам.“

„’Ве молам дајте ни ги корисничките имиња и лозинките на вашиот имејл, Фејсбук и Инстаграм.’ Се насмеав и си отидов.“

„Тој: ’Се надевам дека нема да ти пречи да носиш пејџер.’ Јас: ’Не, воопшто.’ Тој: ’Добро, ама немој само да седиш на него и да си праќаш пораки по цел ден.’“

„Интервјуерот: ’Каква е вашата врска со Бог?’ Јас: ’Добра. Јас не го заморувам и тој не ме заморува.’ Интервјуерот: ’Ви благодарам за одвоеното време.’“

„За време на интервју за работа како веб девелопер ме прашаа: ’Како се прави сирење?’ Дадов доста добар одговор со оглед на тоа што знам како се прави сирење, ама…“

„Ме прашаа: ’Дали си хомосексуалец?’ Јас, како што сум љубител на филмови, ја зграпчив можноста: ’Не, не сум хомосексуалец, ама сакам да учам.’ Започнав со работа по два месеци.“

„Ме прашаа дали сакам да се ‘забавувам’. Тогаш дознав дека интервјуерот редовно шмрка кокаин. Си мислев дека Ештон Кучер ќе влезе низ вратата и ќе ми каже дека сум насамарен.“

Најчудните прашања кои биле поставени на интервјуа за работа

„Ме прашаа кој е мојот омилен мапет, но јас воопшто не бев спремен за такво прашање.“

Ме прашаа кој број на маица носам. Интервјуерот ми рече дека сака да се осигура дека на новиот вработен ќе му бидат точни маиците од претходниот вработен за компанијата да не мора да купува три нови поло маици.“

„Дали излегуваш?

Да.

Се тепаш ли кога излегуваш?

Не.

Зошто не, да не си плачко?’

Веднаш го напуштив интервјуто.“

„’Би сакала ли да одиш на состанок после овој разговор. Веќе ја доби работата.’ Ја прифатив работата и бесплатниот оброк. Тој беше отпуштен поради сексуално вознемирување.“

„Интервјуерот праша: ’Ако направам да бидеш висок само 5 сантиметри и те ставам во блендер, како ќе избегаш?’ Мојот одговор беше нешто во стилот: ’Какво идиотско прашање е тоа?’ Најчудното беше тоа што добив и второ интервју.“

„За време на интервју во просторијата влезе една крупна жена, а тој ме праша: ’Колку пива ти требаат за да ја плеснеш?’“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар