Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Секој знае што да очекува кога оди на крстарење – активности, сонце и многу храна и пијалаци. Но што е со работите кои не ги очекувате? На бродовите за крстарење неретко се случуваат навистина морничави работи. Односно овие бродови се места каде што луѓето извршуваат навистина чудни злодела. Па, дознајте нешто повеќе за темната страна на крстарењето.

1. Бизарно убиство

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Во 2017-ма година, Кенет и Кристи Манзанарес отишле на крстарење за да ја прослават својата годишнина. Властите го пронашле мртвото телото на Крсти во нивната кабина, целото прекриено со крв. До неа бил сопругот, жив и покриен со крв. Сè што зборувал Кенет било:

„Не престануваше да ми се смее.“

Семејството и пријателите не забележале ништо чудно кај парот. Еден сосед дури ги нарекол совршено американско семејство. Обвинет за убиство од прв степен, Кенет се изјаснил како невин и ќе му се суди на 23-ти април, 2018-та година.

2. Злоупотреба на околината

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Кога одите на крстарење, немојте да размислувате за тоа каде оди целиот отпад од бродот. Некои бродови го прават незамисливото – го фрлаат целиот отпад во океанот. Во 2016-та година, бродот Princess Cruise Lines го направил токму тоа и бил фатен. Компанијата платила казна од речиси 40 милиони евра. Ова прекршување на законот има навистина лошо влијание на околината.

3. Шверцување кокаин

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Во 2016-та година, двајца 20-годишници од Канада го напуштиле својот дом и тргнале на скапо крстарење. Во Австралија на бродот се качила австралиската гранична контрола со неколку кучиња. Офицерите го следеле бродот и откако ги пребарале собите на Мелина Роберге и Изабела Лагасе пронашле над 90 килограми кокаин. Уличната вредност на дрогата била околу 20 милиони евра.

4. Напуштање на бродот

Најчудните кривични дела од бродовите за крстарење

Веројатно имате слушнато дека капетанот тоне со бродот. Тој е последната личност која ќе се симне од бродот, без разлика дали е жив или мртов. Но, капетанот Јианис Авранас имал други планови.

Во 1991-ва година, бродот Oceanos потонал покрај брегот на Јужна Африка. Сите патници и целиот екипаж безбедно го напуштиле бродот. Но, капетанот Авранас и некои други офицери први го напуштиле бродот, додека другите преноќиле на него. Капетанот изјавил дека бил во хеликоптер и дека се обидувал да се врати на бродот, но му рекле дека е најдобро да остане во воздух.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар