Најчудните 10 теории на заговор за Ареа 51
Според досие од ЦИА, во 1955 година, трио од тајни оперативци барало локација во САД каде што ќе може да тестира прототип шпионски авион. Еден ден летајќи над Невада, тие го откриле совршеното место кое било оддалечено само 161 километар од Лас Вегас, но доволно далеку од патот што дури немало ни име. Местото било обележано како Ареа 51 – локација за тестирање.
Со децении владата не сакала да го признае постоењето на оваа тајна база, но тоа не било лесно кога пилотите почнале да кажуваат дека гледале чудни НЛО на таа локација. Самата тајност во врска со оваа база ја направила совршено место за создавање теории на заговор. Погледнете некои од најчудните.
1. Рекреирање на вонземски летала
Во 1989 година, еден човек, Боб Лазар, тврдел дека бил најмен да работи како истражувач во еден дел од Ареа 51, наречен С-4. Целата работа била толку тајна што тој и другите работници биле носени до таму во автобус со затемнети прозорци за да не можат да го видат патот.
Лазар тврди дека во С-4 видел летачки чинии кои навидум биле со вонземско потелко. Нивните реактори биле со антиматерија, а биле напојувани со мистериозна супстанца која била наречена Елемент 115. Направата создавала „гравитационен бран“ толку силен што ако фрлите топче во нејзин правец, тоа ќе се одбие. Владата се обидувала да ги рекреира овие летачки објекти за да ја користи технологијата за воени цели. Лазар рекол дека бил отпуштен од работното место бидејќи го фатиле како ги носи неговите пријатели да ги гледаат тестирањата на овие летала.
2. Ареа 51 е центар за испрашување на заробени вонземјани
Една од теориите на заговор вели дека Ареа 51 е еден вид затвор за вонземјани. И оваа теза потекнува од Боб Лазар. Тој вели дека додека одел по некој ходник во С-4, успеал да виде мал, сив вонземјанин кој стоел помеѓу двајца луѓе во бели мантили. Пред да може да види подобро, двајцата чувари кои биле со него го турнале и му рекле да продолжи да оди без да гледа.
Друг човек кој се нарекол „Виктор“, вели дека исто така работел во Ареа 51. Тој тврдел дека во 1997 бил сведок на испрашување на вонземјанин, па дури и покажал видео со слаб квалитет на кое би требало да се гледа човек кој се обидува телепатски да комуницира со вонземјан чие летало било соборено од војската на САД.
3. Овде се вршат аутопсии на мртви вонземјани
Оваа теорија се појавила во средината на 1990-тите кога црно-бел филм од 17 минути излегол во јавноста. Во филмот се гледа како неколку луѓе со заштитни одела отстрануваат органи од тело кое изгледа вонземско. Снимката била пуштена на телевизија од неколку програми, но скептиците тврдат дека луѓето на видеото се премногу несмасни со алатите за операција. Неколку години подоцна, луѓето кои го направиле филмот направиле и документарец во кој признаваат дека ја лажирале аутопсијата. Сепак, тврделе дека го направиле тоа за да ја заменат оригиналната снимка која била уништена.
Оние кои веруваат може ќе најдат утеха во уште еден филм од 2012 година, „Вонземјан од Ареа 51: Снимката со аутопсијата на вонземјанот е откриена“ (Alien from Area 51: The Alien Autopsy Footage Reveаled). После овој, во 2014 година се појавува уште еден филм кој покажува вонземјан, висок околу 122 сантиметри со глава која наликува на инсект.
4. Ареа 51 е тајното седиште на владата во сенка
Според теориите на заговор, владата во сенка е одбор кој владее со светот веќе 6 децении и неговата цел е планетата да биде водена од човечката и вонземската елита. МЈ-12, како што е нарекувана оваа група, била креирана од претседателот Хари Труман во 1947, кратко по уривањето на вонземското летало во близина на Розвел, Ново Мексико. Како што кажува приказната, МЈ-12 стапила во контакт со вонземјаните кој резултирал со договор во кој владата на САД добива вонземска технологија, а за возврат не презема ништо кога екипажот на нивните летала осакатува стока и киднапира луѓе за експерименти.
5. Овде било снимено слетувањето на Месечината во 1969 година
Во едно сценарио од познатиот писател на теории на заговор, Бил Кајсинг, научниците од НАСА сфатиле дека ќе биде невозможно да пратат луѓе на Месечината поради смртоносниот ризик од радијација. Наместо да се „посрамотат“ и да ја откажат програмата Аполо, тие направиле голема измама. Го извеле лансирањето на ракетата, но штом леталото се изгубило од вид тие го префрлиле екипажот на Аполо 11 во воено летало кое ги однело на филмски сет. Неколку денови подоцна, астронаутите Нил Армстронг и Баз Алдрин го одглумиле слетувањето на месечината пред камери, а измамата била пренесувана во живо пред милиони гледачи.
Но каде би можело да се снима сето ова без ризикот од откривање на вистината? Се разбира, Ареа 51.
Продолжува на следната страница…