Најчестите стереотипи за мажите и жените
Автор: Маја Линкова
Ова се само неколку стереотипи за мажите и жените. Дали станува збор само за предрасуди врз основа на полот, или овие митови содржат барем трошка вистина?
Некои истражувањата покажуваат дека навистина постојат разлики меѓу мажите и жените. Други пак, тврдат дека сме слични повеќе отколку што мислиме. Прочитајте и судете сами!
Стереотипи за мажите
Стереотип 1: Мажите се помалку емоционални за разлика од жените
Вистина: Истражувањето на универзитетот „Вандербилт“, открило дека мажите и жените доживуваат иста количина тага. Само жените веднаш посегнуваат по шамиче. Со други зборови, жените не се почувствителни туку тоа го покажуваат, додека мажите тоа не го прават.
Стереотип 2: Мажите не сакаат да разговараат
Вистина: Мажите комуницираат на друг начин, но тоа не значи дека не се комуникативни. Експертите тврдат дека преку разговорот мажите се борат за статус и позиција во друштвото. Ова е голема разлика во однос на жената, бидејќи за неа разговорот е средство со кое таа воспоставува блискост и интимност.
Стереотип 3: Мажите постојано мислат на секс
Вистина: И покрај тоа што се верува дека мажите постојано мислат на една работа – секс, експертите сметаат дека ова не е точно. Според истражувањето на институтот „Кинси“, само 54% од мажите мислат на секс секој ден, неколку пати дневно. Околу 43% од нив мислат на секс неколку пати неделно или месечно. И покрај овие податоци, сепак е вистина фактот дека мажите мислат на секс почесто од жените. Околу 19% од жените мислат на секс неколку пати дневно, 67% неколку пати неделно или месечно, а 14% од нив мислат на секс еднаш месечно.
Стереотипи за жените
Стереотип 1: Жените се лоши возачи
Вистина: Експертите на универзитетот „Брадфорд“ се позанимавале со овој стар мит. Резултатите од нивното истражување покажале дека жените се поспособни, кога станува збор за извршување ментални задачи и флексибилност. Женскиот пол имал подобри резултати и кога станувало збор за помнењето, вниманието и моториката. Експертите го објаснуваат ова со женскиот хормон естроген, кој е одговорен за делот од мозокот кој ја контролира моториката.
Стереотип 2: Сите жени сакаат деца
Вистина: Секако дека ова не е точно. Некои жени не сакаат. Ова е прашање за кое секој пар разговара пред бракот. Во последно време се зголемува бројот на жените кои не сакаат да имаат деца. Ако се разгледа периодот од 1982 до 1995 година, процентот на жените кои рекле „не“ за мајчинството, е зголемен од 2,4% на 6,6%.
Стереотип 3: Единствено што сакаат жените е да се омажат
Вистина: Да, единствената цел на некои жени е да се омажат. Но, со високиот процент на разводи (околу 40%), многу жени стануваат свесни дека влегувањето во брачните води не е гаранција за среќен и совршен заеднички живот. Исто така, се зголемува и бројот на парови кои живеат во „див брак“. Податоците од 2006 година, покажуваат дека 51% Американки не се омажени, вклучувајќи ги и жените кои се разведени, вдовиците или оние кои никогаш не се омажиле.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.