Најчестите погрешни сфаќања за интровертите и вистините зад нив

Најчестите погрешни сфаќања за интровертите и вистините зад нив

Кога ќе го чуеме самиот поим интроверт, веднаш помислуваме на тивка личност која поминува повеќе време сама и избегнува дружења. Но, во реалноста, интровертноста ретко е поврзана со останувањето дома. Всушност, токму интровертите е поверојатно да имаат неколку значајни и вистински пријателства, наместо да бидат во површни односи со многу луѓе.

Што најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?

Според психологијата, интровертите имаат пониска чувствителност на допаминот, за разлика од екстровертите. Но, кога е во прашање дружење, тие избираат да поминат квалитетно време во помала група или пак воопшто да не излезат, наместо тоа да го прават во големи друштвени настани.

Интровертните имаат различна мозочна хемија

Основната разлика меѓу екстровертна и интровертна личност е во тоа како нивниот мозок реагира при социјална стимулација. Кај екстровертите, мозочната реакција настанува веднаш, додека пак кај интровертите, импулсот ќе помине подолг пат, а со тоа и подолго време, додека правилно да се процесира, за да може личноста соодветно да реагира. Тие полесно забележуваат ситници, но и имаат моќ да претпостават каков би бил исходот.

Ова значи дека интровертите имаат навистина „оптоварен“ мозок, преполн со грижи за тоа што ќе се случи следно. Во социјален контекст, кај нив се случува многу посложен процес поради кој некогаш нивната реакција за останатите е несоодветна или неочекувана. Но, сето тоа се случува само затоа што, едноставно, нивниот мозок е така структуриран. Тие секогаш ќе изберат помала и потивка, наместо поголема и побучна група луѓе.

Што најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?

Интровертен мамурлак

Поради интензивната работа на мозокот, кај интровертите настанува состојба позната како „интровертен мамурлак“, која се случува поради зголеменото лачење кортизол и адреналин во текот на мисловниот процес. Оттука доаѓа и објаснувањето зошто попрво би останале дома и би ја слушале омилената музика – нив им треба да одморат и да закрепнат.

Во идеален случај, една личност се движи по границата на екстровертност и интровертност и балансира меѓу двете состојби. Но, кога нештата се излезени од оваа рамнотежа, тогаш имаме луѓе кои избегнуваат социјални ситуации дури и ако претходно сакале да бидат присутни, но и такви кои постојано ќе бидат присутни секаде иако од тоа не постигнуваат никаква сатисфакција.

Интровертноста никако не е поврзана со срамежливоста или со социјалната анксиозност, како што често се верува. При социјална анксиозност, личноста се плаши од она што може да го направи и како останатите ќе гледаат на тоа, додека пак, интровертната личност се повлекува затоа што така се чувствува удобно. Всушност, социјална анксиозност може да им се случи дури и на најекстровертните лица.

Што најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?

Интровертите мразат блиц-разговори

Тие преферираат да аргументираат на некоја тема, па дури и со часови. Поради тоа, не гледаат поента кога правите краток муабет со нив, со површни прашања и одговори. Интровертниот попрво ќе избере да комуницира со две личности со кои ќе има вистински теми за разговор, наместо со 10 или 15 со кои ќе оствари само бледа комуникација.

Кога се работи за екстровертност или интровертност, на тоа не треба да гледате како проблем, туку како можност да го истакнете најдоброто од вас и да го искористите во своја корист. Секогаш треба да најдете начин да бидете отворени и кон себе и кон другите, за полесно да ги надминете проблемите, секако, доколку ги имате. Прифатете се себеси, без разлика на тоа колку сте интровертни и знајте дека, всушност, сè е во ред со вас.

Прочитајте ги и овие 9 причини зошто интровертите треба да станат писатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар