Најчестиот сон во светот и неговото вистинско значење
Ако ве разбудил сон каде што вашиот партнер ве изневерил со најдобриот пријател или најдобрата пријателка, тоа значи дека сте доживеале нешто што скоро целиот свет го доживува. Но смирете се, тоа не значи дека нешто такво ќе се случи во реалноста.
Едно истражување од Велика Британија покажало дека истиот кошмар се појавува кај секоја втора личност, а кај секоја четврта се повторува повеќе пати. Во истражувањето учествувале повеќе од 5.000 испитаници и се покажало дека овој сон го прогонува поголемиот дел од населението, особено помладите.
Експертите го поврзале сонот со стравот од напуштање и тоа што луѓето не можат да сметаат дека партнерот засекогаш ќе биде покрај нив. Но, сепак сонот ретко е поврзан со неверство во реалниот живот, па нема потреба да се сомневате во партнерот.
Дознајте го и значењето на соништата кои најчесто се повторуваат.