Најбрзите суперавтомобили во светот
Погледнете ја оваа неверојатна листа која ги опфаќа најбрзите и најскапите суперавтомобили во светот, почнувајќи од Bugatti Veyron Super Sport, па сè до најпознатиот McLaren F1.
Bugatti Veyron Super Sport
Овој автомобил го постигна Гинисовиот рекорд за брзина, со неверојатните 430 км/ч. Bugatti Veyron Super Sport има 4 зголемени турбoкомпресори и поголеми интеркулери. 16-цилиндричниот мотор на овој автомобил има 1.200 коњски сили. Во зависност од дополнителната опрема, неговата цена може да варира од 2,4 до 2,6 милиони долари.
Hennessey Venom GT
Овој автомобил развива брзина од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди. Доколку сакате да забрзате до 320 км/ч ќе ви бидат потребни уште 12,8 секунди. Hennessey Venom GT има 6,2-литарски V8 турбо мотор со 1.200 коњски сили и неверојатна цена од околу 1 милион долари. Теоретската максимална брзина на овој автомобил е 440 км/ч, но во пракса покажал брзина до 420 км/ч.
Koenigsegg Agera R
Овој автомобил може да достигне брзина до 420 км/ч. Koenigsegg Agera R за 2,9 секунди развива брзина од 0 до 100 км/ч. Компанијата тврди дека моделот кој ќе излезе во 2013 ќе достигнува брзина и до 440 км/ч. Овој автомобил може да се најде со волан и на левата и на десната страна, има Koenigsegg 5-литарски алуминиумски V8 мотор со 1.140 коњски сили. Цената за моделот од 2013 година сè уште не е најавена, но постарите верзии се околу 1,6 милиони долари.
SSC Ultimate Aero
Ultimate Aero, кој е произведен од „SSC (Shelby SuperCars) North America,“ развива брзина од 0 до 100 км/ч за 2,78 секунди. Максималната брзина му е 410 км/ч, но од компанијата велат дека теоретската брзина на овој автомобил може да достигне и до 440 км/ч. Ultimate Aero има SSC дизајниран алуминиумски V8 мотор со 1.287 коњски сили. Висината на автомобилот од земјата е само 10 сантиметри, но висината на неговата цена е малку поголема – околу 650.000 долари.
Saleen S7 Twin Turbo
Овој автомобил кој е само со 2 врати (купе), има 7-литарски алуминиумски V8 мотор, со 1.000 коњски сили и е дизајниран од Стив Салин. Цената во 2005 година изнесувала околу 585.000 долари. Twin Turbo
може да развие брзина од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди. Максимална брзина која овој автомобил може да ја достигне е 400 км/ч.
Koenigsegg CCX
Овој автомобил со V8 мотор и 806 коњски сили, може да развие максимална брзина до 390 км/ч и вреди околу 550.000 долари. Произведуван е во Шведска од 2006 до 2010 година.
McLaren F1
Овој автомобил развива брзина од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне е 380 км/ч. Постојат само околу 106 автомобили од овој вид произведени во периодот од 1992 до 1998 година. Најпознат е по неговите врати како „крилја на лилјак“ и V12 моторот со 627 коњски сили. Неговата основна цена била околу 970.000 долари.
Zenvo ST1
Zenvo ST1 е првиот Дански дизајниран суперавтомобил, кој е со 7-литарски BMW V8 мотор, 1.200 коњски сили и максимална брзина од 370 км/ч. Основната цена е околу 1,8 милиони долари. Интересна е изјавата на компанијата која вели дека ќе се произведуваат само по 3 автомобили годишно од овој вид.
Noble M600
Овој Британски суперавтомобил развива брзина од 0 до 60 км/ч за 3,7 секунди и максималната брзина му е 360 км/ч. Има двоен турбо 4,4-литарски V8 мотор со 650 коњски сили. Основната цена на Noble M600 е 330.000 долари.
Gumpert Apollo
Овој автомобил со 4,2-литарски V8 мотор достигнува максимална брзина од 360 км/ч. Во зависност од дополнителната опрема, цената на Gumpert Apollo се движи помеѓу 300.000 и 450.000 долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.