Најбогатите животни-спортисти
Луѓето не се единствените кои преку спортот можат да заработат илјадници, па дури и милиони долари. Постојат и животни кои знаат извонредно да се снајдат на спортските борилишта и да заработат суми на кои можат да им позавидат многу луѓе. Кои се најбогатите животни во одредени спортови наменети за нив и богатството кое им го носат на нивните сопственици?
Коњски трки
Најбогатиот коњ на светот се вика Паметниот Џонс. Во неколкуте месеци тркачка кариера успеал да заработи неверојатни 7.613.155 американски долари, победувајќи со огромна разлика на најјаките коњски трки во САД, меѓу кои и најпрестижната Кентаки Дерби. Неговата кариера траела кратко поради проблемите со колената, по што неговите сопственици ги продале правата за неговото размножување за цели 20 милиони долари. Дотогаш едно парење со Паметниот Џонс чинело „само“ 150.000 долари.
Трки со кучиња
Иако славата ја стекнал во далечните седумдесетти години на минатиот век, загарот Даунинг сè уште води на листата на кучиња-тркачи со најголема заработка. Еден холивудски промотер успеал да ги убеди медиумите дека со ова куче можат да создадат кучешка верзија на американскиот Супер Боул, при што Даунинг донел заработка од 124.471 американски долари. Кариерата ја завршил поради бројни повреди, по што бил користен за размножување и создавање нови генерации тркачи со неговите гени.
Изложби на кучиња
Кучињата не мора да се убиваат од трчање за да заработат илјадници долари, туку доволно е и само некако да ја одржуваат формата и да продефилираат пред жирито на изложбите за кучиња. Најбогат меѓу нив е Алјаскиот маламут Костело со богатство од преку 80 илјади американски долари, заработени во Флорида во 2006 година откако ги собрал сите можни награди на натпреварувањето.
Бикови за родео
Бодешус е најопасниот, најславниот и најпредизвикувачкиот бик кој некогаш се појавил на родео натпреварите. Максимумот кој еден јавач го истрајал на неговиот грб изнесува само осум секунди, а најголем дел од нив завршиле во болница. Не е позната вкупната сума која ја заработил во текот на кариерата, но неговиот замрзнат семенски материјал е најскапиот во историјата. По неговата смрт од него биле оплодени дури 120 крави за 2.000 долари, а дотогаш едно парење чинело 600 долари.
Трки со гулаби
Дури и гулабите можат да им донесат големи заработки на нивните сопственици. Една трка со гулаби се одвива така што птиците се носат далеку од нивните кафези, а победник е оној кој најбрзо ќе се врати во својот дом. Занимавајќи се со ова, гулабот Фул Хаус заработил 60 илјади долари победувајќи на сите десет трки на кои се натпреварувал.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.