Најбогатите светски луѓе
Во своите 60-ти години со 84 милијарди долари, Бил Гејтс убедливо го зазема првото место на листата најбогати луѓе на светот. Со богатство од 76,4 милијарди долари го следи Амансио Ортега, шпански претприемач, основач на малку познатата компанија Интедекс, која пак е сопственик на добро познатите светски модни брендови како што се Зара, Страдивариус и Масимо Дути.
Третото место го зазема контроверзниот американски бизнисмен Ворен Бафет со богатство од 63,8 милијарди. Извршниот директор на „Беркшир хетавеј“ и нејзин главен акционер неодамна се прослави со мудри одлуки во текот на светската економска криза, па така само во 2013 година заработи неверојатни 4,7 милијарди долари.
По него следат Џеф Безос (59 милијарди долари), Карлод Слим (54,3 милијарди долари), браќата Кох – Дејвид и Чарлс (50,9 милијарди долари). Марк Цукерберг го зазема „слабото“ осмо место со 46,2 милијарди долари. Лери Елисон е деветти со 46,2 милијарди долари, додека десеттото место го зазема Лери Пејџ со 40 милијарди долари.
Интересно е дека Бил Гејтс и понатаму е меѓу најмладите на листата. Од него помлади се само Џеф Безос, сопственикот на Амазон со 51 година, Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук со 31 година и Лери Пејџ, основачот на Гугл со 42 години.
Доминација на ИТ секторот
Очекувано, на листата доминираат магнати од ИТ секторот. Покрај Гејтс, Безос и Цукерберг, тука се и Карлос Слим, познат и како „мексиканскиот Ворен Бафет“, инаку најбогат човек во светот во периодот од 2010 до 2013 година, чиј конгломерат Групо Карсо се занимава со телекомуникации, Лери Елисон, основачот на Оракл, како и Лери Пејџ, прочуениот основач на Гугл. Осум од десетте светски богаташи доаѓаат од САД.
Од толку пари ќе ви се заврти во главата. Сепак, живееме во возбудливо време, кога е можно да се стекне огромно богатство без почетен капитал. Потребни се добри идеи, многу работа и секако знаење.